Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 38

Од Wikibooks

РЕЗОЛУЦИЈА ОД СОЈУЗОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ И ТРАКИЈЦИТЕ ДО АНТОНИ ИДН МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТО НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Бр. 109/СТ/9/45. Кралската амбасада на Грција

51 , Upper Brook Street,W. 1.

Лондон, 5 jануари 1945.

Господине,

По инструкции на мојата влада имам чест да ви доставам во прилог текст од резолуцијата адресирана до Вас од сојузот на Македонците и Тракијците.

Резолуцијата е доставена до Амбасадата со телеграма од Атина датирана со 4 јануари.

Аргитис

"Како претставници на народот на Македонија и Тракија од 1923 и користејќи ја вашата посета на Атина сметаме дека е наша должност да ја изразиме нашата благодарност на претставникот на големата и најхрабрата англиска нација која секогаш го поддржува грчкиот дух на Македонија и Тракија чие компактно население и покрај бројните прогонувања преземени од варварските соседи секогаш високо го задржало нивниот грчки дух и останале верни пријатели и сојузници на Британската империја. Во сегашниот критичен момент на нашата историја во кој мал дел се обидува да ја преземе власта со сила и да воспостави тиранска диктатура во Грција, колевка на слободата, ние се чувствуваме приморани да протестираме многу жестоко и да ги обелодениме пред вас и на целиот цивилизиран свет напорите правени со цел добивање на т.н. автономија на Македонија преку соработка на ЕАМ-ЕЛАС и Бугарите и другите анархиситички елементи на Балканот.

Апелираме на Велика Британија и до сите либерални земји за заштита и бараме веднаш по заедничката одлука на големите сили, да бидеме снабдени со средства за да ги истераме освојувачите и да бидеме во можност да ја продолжиме борбата на страна на големите демократии со цел да се порази непријателот на слободата, да ги осигураме нашите граници и да ги оствариме нашите цели".

(Белешки)

Мислам дека е потребно само потврда за прием на пораката.

Ласки

11. 1/1945/

FО 371/48181 НР 00297 R 606/11/67