Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 37

Од Wikibooks

ТЕЛЕГРАМА ОД ХОСТОН БОСВИЛ, ПОЛИТИЧКИ ПРЕТСТАВНИК НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО БУГАРИЈА, ДО ФОРИН ОФИС

Г-дин Хостон Босвил И. 1.10 п.м. Г.М.Т. 5 јануари 1945.

Бр. 21. П. 3.50 п.м. Б.С.Т. 5 јануари 1945.

4 јануари 1945.

Во врска со телеграмата од Белград бр. 100 (R 22 084/14 079/G)270 и мојата телеграма бр. 1 (Р 141/11/67)271.

На 2 јануари печатот извести за состанокот на "Македонското народно собрание" во Скопје одржан на 28 декември споменувајќи притоа дека истото било посетено од Терпешев (комунистички министер без портфељ) и Харизанов од Бугарија; мајорот Инков од Сојузот на Социјалистичките Советски Републики; мајорот Милер и мајорот Дикинсон од Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави. Печатот за тоа донесе краток приказ на 29 и 30 декември.

Ве молам повторете го до Белград како во случај со телеграмата бр. 3. [Повторено до Белград со телеграма бр. 12]

FО 371/48181 НР 00297 R 397/11/67