Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 36

Од Wikibooks

ПИСМО ОД КРАЛСКАТА АМБАСАДА НА ГРЦИЈА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ДО АНТОНИ ИДН, МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Кралска амбасада на Грција

51, Upper Brook Street,

W. 1

Бр. 19/ЦТ/45.

Лондон, З јануари 1945.

Господине,

По добиените инструкции од мојата влада, имам чест да ја проследам до вас следнава комуникација и да ве замолам истата да ја проследите до Првиот министер, уважениот Винстон Черчил, на чие име исто така е адресирано писмото од четири членови на владата, господата Манулидес, Ламбронидес, Теологитес и Драгумис.

"Како последица на постојаните извештаи кои пристигнуваат овде од Македонија и Тракија, имаме чест да го свртиме внимание на Вашата екселенција на следниве факти:-

"Движењето за автономија кое е поддржувано од приврзаниците на ЕАМ и од елементите со сомнителни национални чувства делувајќи во соработка со пробугарските соработници на Тито кои се наоѓаат во овие провинции, од неодамна предизвикуваат значителни неприлики кои попримаат опасен карактер. Материјално потпомогнати со внесување на воен материјал во Македонија, а од неодамна доби сила и со фактот што британските и грчките сили се зафатени со загушувањето на востанието на ЕАМ во Атина".

"Невооружени, гладни и тероризирани Грците од Македонија и Тракија апелираат до нивната влада за заштита и бараат да се преземат мерки за одбрана на националната територија".

"Според извештаите од 17 декември бугарските комити кои го подржуваат ЕАМ во областа Флорина отворено водат пропаганда во корист на автономија, додека во Кавала и Драма вооружени Бугари работат по улиците".

"Школските инспектори во Флорина, кои се приврзаници на ЕАМ, наредиле отворање на бугарски школи и репресивно се однесуваат кон оние кои одбиваат да предаваат на бугарски јазик. Притисок се врши врз грчките деца да се нарекуваат македонски Словени и да ги посетуваат бугарските школи".

"Во поглед на ваквата ситуација се обраќаме со горешта молба до Вашата екселенција, чие пријателство спрема Грција е покажано во повеќе прилики. Денеска Грција се соочува со обидот за промена на карактерот на овие области кои се во основа и несомнено грчки и загушување на нејзините аспирации и покрај големите жртвувања што му се познати на целиот свет кој ги поднесе нејзиниот народ во текот на четиригодишната војна и спротивставување".

Истата комуникација е направена и до претседателот Рузвелт и фелдмаршалот Џ.Ц. Смит.

Аргидес

F0371/48181/НР 00297 R 420/11/67