Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 35
ТЕЛЕГРАМА ОД ФИЦРОЈ МАКЛИН, ШЕФ НА БРИТАНСКАТА ВОЕНА МИСИЈА ВО ЈУГОСЛАВИЈА, ДО ФОРИН ОФИС
Бригадир Маклин И. 2.34 п.м. Г.М.Т. 4 јануари 1945.
Бр. 8. П. 5.20 п.м. Б.С.Т. 4 јануари 1945.
3 јануари 1945.
ВАЖНО
Продолжение на мојата телеграма 6р. 3 од 1 јануари (Р 136/11/6)266.
Денешниот печат го објави целиот текст од долгиот говор на Кардељ (повторувам Кардељ) на Второто заседание на АСНОМ (повторувам АСНОМ).
2. Зборувајќи како претставник на Тито, Кардељ им ја честита на Македонците новоизвојуваната автономија. Меѓутоа тие не треба да бидат лесноумни со постигнатиот успех. Тие се уште не се излезени од шумата. Прво, треба да ги поразат нивните непријатели на политичко поле, исто како што ги поразија на воено. Во сегашниот момент независноста на малите сили е загрозена со смртни опасности. "Внимателноста е уште повеќе потребна бидејќи секојдневните искуства покажуваат дека важните одлуки, да не се интервенира во внатрешните работи на другите држави во практика се само парче хартија". Тие мора да препознаваат кои се нивните вистински пријатели, а кои се нивните непријатели. Нивните непријатели кои се уште работат на делење и поробување на Македонија се "голема Бугарија, голема Србија, голема Албанија /и/ грчкиот шовинизам" и нивните подржувачи во странство. Нивни пријатели се другите народи на Југославија и сите вистински прогресивни /и/ демократски елементи во светот. Сите сепаратистички тенденции треба да се искоренат. За Македонија, Кардељ нагласи во заклучокот, иднината може да биде само во рамките на нова федеративна демократска Југославија.
3. Ова утро се сретнав со Кардељ кога тој одеше да се види со Тито со текстот на говорот кој му ѕиркаше од неговиот џеб. Јас му реков дека го прочитав секој ред од текстот. На ова тој изгледаше изненаден (повторувам изненаден), без сомнение поради прикриеното но и навредливо осврнување на нашата грчка политика, види подолу.
4. И покрај тоа говорот изгледа беспрекорен. Во него се потврди дека нова Македонија конечно ќе остане дел од Југославија и не (повторувам не) се осврна на можната јужнословенска федерација на широка основа, ниту покажа било какви територијални аспирации во корист на Македонија надвор од сегашните граници на Југославија.
5. Второто заседание на АСНОМ заврши на 30 декември. Покрај говорот на Кардељ, понатамошниот тек на заседанието се чини не (повторувам не) е интересен. Новото претседателство составено од кандидати предложени од Влахов (повторувам Влахов), потпретседател на АВНОЈ и претседател на Македонскиот националноослободителен фронт беше прифатено со едногласна акламација. Ченто (повторувам Ченто) е потврден за претседател на АСНОМ.
6. Како што сугерирав во мојата телеграма 108 (К 11/11/05) од 30 декември јас мислам дека Кардељ без сомнение е испратен во Скопје од Тито да го осигура цврстиот став на компартиската линија што во овој случај се чини е умерен и дискретен.
7. Го молам Форин офис да го проследи до сите заинтересирани.
[Крај]
FО 371/48181 НР 00297 R 310/11/67
(Белешки)
Индиректиното споменување на Грција е лошо направено. Но останатиот дел од говорот е безопасен.
Ј. М. Адис 5 јануари 1945.