Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 33

Од Wikibooks

ТЕЛЕГРАМА ОД ФИЦРОЈ МАКЛИН, ШЕФ НА БРИТАНСКАТА ВОЕНА МИСИЈА ВО ЈУГОСЛАВИЈА, ДО ФОРИН ОФИС

Бригадир Маклин И. 10.30 а.м. Г.М.Т. 2 јануари 1945.

Бр. 3. П. 11.55 а.м. Б.С.Т. 2 јануари 1945.

1 јануари 1945.

Продолжение на мојата телеграма бр. 108 од 10 декември251 проследено до Сакмед бр. 806, Белградскиот печат се осврнува на отворањето на Второто заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) кое беше отворено во Скопје на 28 декември.

2. Седницата беше посетена од Кардељ (повторувам Кардељ), Влахов (повторувам Влахов) потпретседател на АВНОЈ, Кулишевски (повторувам Кулишевски), секретар на македонскиот обединет ослободителен фронт и генерал Темпо (повторувам Темпо). Генерал Терпешев (повторувам Терпешев) исто така се известува дека бил присутен како претставник на бугарската влада, Харизанов (повторувам Харизанов) како претставник на Бугарскиот татковински фронт и Касту Белев (повторувам Касту Белев) претставник на "Македонците од Пирин"). Исто така беа присутни и претставниците на мојата, американската и советската мисија.

3. Дневниот ред ги содржеше овие точки:

а) управа и организација,

б) извештај за работата на АСНОМ меѓу Првото и Второто заседание,

ц) избор на ново претседателство,

д) разно.

4. Зборувајќи по првата точка од дневниот ред Љупчо Арсов (повторувам Љупчо Арсов) нагласи дека Македонија административно е поделена на три региони (обласни) триесет области (срески) комитети. Најголемите проблеми кои остануваат да бидат решени се оние за транспортот и снабдувањето со храна.

5. Хасан Шукри (повторувам Хасан Шукри) зборувајќи во корист на турското малцинство во Македонија ја потврди лојалноста кон партизанскиот режим.

6. Осврнувајќи се на политичката ситуација генерал Темпо (повторувам Темпо) истакна "Ние ја добивме битката на военото поле и сега мора да ја добиеме (ѕ(с) на политичко. Опасноста која ги загрозува успесите на победата на нашата голема битка лежат во напорите кои се прават од непријателите на федеративна демократска Југославија да го разбудат шовинизмот и сепаратизмот". Темпо продолжи со нагласувањето на потребата од слободни демократски тајни избори и потврди "ние не се плашевме да му дадеме оружје на народот, уште помалку се плашиме да му дадеме на народот да гласа.

7. Заседанието се уште трае. Повторено со телеграма бр. 821 до (САГМЕД).

/.../262

(Белешки)

Контраверзното македонско прашање по се изгледа е избегнато на заседанието на АСНОМ.

Ј. М. Адис

З јануари 1945

FО 371/48181 НР 00297 R 136/11/67