Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 32

Од Wikibooks

ТЕЛЕГРАМА ОД ХОСТОН БОСВИЛ, ПОЛИТИЧКИ ПРЕТСТАВНИК НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО БУГАРИЈА, ДО ФОРИН ОФИС

Г-ин Хостон Босвил И. 7,59 а.м. Г.М.Т. 2 јануари 1945.

Бр. 1. П. 9.50 а.м. Б.С.Т. 2 јануари 1945.

1 јануари 1945.

Да се повтори до Вашингтон

Белград

Атина

Канцеларијата на Ресмед, Казерта

Во врска со телеграмата од Белград 6р. 50 (R. 1043/7112/7).

Казасов (министер за Звено за пропаганда) на 28 декември зборување на радио за "предлогот за македонска држава". Тој истакна дека формирањето на оваа држава ќе се оствари со избраното национално собрание кое е отворено во Скопје, Идејата за автономна Македонија е Македонија на Македонците и е родена во внатрешната македонска организација. Таа е разработена и раширена од либералните кругови во Бугарија повеќе од 40 години. Владиниот патриотски фронт (формиран од политичките кругови кои секогаш се бореа за автономија на Македонија и против големобугарскиот шовинизам) топло ја поздравија новата македонска држава и се сигурни дека таа ќе стане вистински и активен соработник во нова Југославија.

2. Говорот заврши со извици за братска Титова Југославија и идеалот за балканска федерација.

3. Го молам Форин офис да го повтори до сите горе наведени адреси. [Повторено до Вашингтон со телеграма на Форин офис 6р. 27., Белград бр. 2, Атина бр. 10, концеларијата на Ресмед, Казерта бр. 15 и Москва 6р. 9.]

FО 371/48181 НР 00297 R 141/11/67.