Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 30

Од Wikibooks

ТЕЛЕГРАМА ОД ФОРИН ОФИС, ДО ЛИПЕР АМБАСАДОР НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО ГРЦИЈА

Бр. 633. И. 9.15 п.м. 31 декември 1944

31 декември 1944.

Повторено до Ресмед бр. 2485.

Рим бр. 1457.

ИТНО

Во врска со телеграмата од Солун бр. 54 до вас. Без сомнение вие директно ќе му одговорите на конзулот на Неговото Височество во Солун, притоа давајќи му ги потребните инструкции.

2. Секако дека во момектот е тешко да се води стереотипна политика што се однесува до остатокот на Грција ако еднаш Атика и Атина се исчистат. Јас целосно ја разбирам загриженоста на г-дин Рап за иднината, но треба да биде јасно и не треба да се поставува прашањето за испраќање на британски засилувања во Солун за да се заугушат македонските комунисти. Ние треба само да се надеваме дека во случај Регентот да ја консолидира својата позиција во главниот град и ако главниот дел на Е.Л.А.С. е разоружан, би било можно да се формира национална гарда која ќе може да се употреби во Солун и Тракија и да воведе ред. Штом овој процес ќе стане очигледен дали не треба да очекуваме дека тој би го забрзал дезинтегрирањето не само на локалните единици на Е.Л.А.С. на север, туку и на македонските комунисти?

3. Но и покрај тоа г-дин Рап не треба да ги напушти плановите што ги направил со бригадирот Ловет за поттикнување на дезертирањето од бандите од Е.Л.А.С.

Адис

Хауард

[Копии да се испратат до началниците на генералштабот, првиот лорд на адмиралитетот и секретарот на државата за војна].

FО 371/43649 НР 00201 R 22023/1009/67.