Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 28

Од Wikibooks

ТЕЛЕГРАМА ОД КОНЗУЛОТ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО СОЛУН, ДО АМБАСАДАТА НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО АТИНА

Г-дин Рап И. 3.52 п.м. ГМТ 29 декември 1944.

Бр. 54. П. 5.35 п.м. БСТ 29 декември

1944.

29 декември 1944

Повторено до Форин офис бр. 49.

ИТНО

ТАЈНО

Јас би бил благодарен за било каква информација што би можеле да ми ја дадете за политиката што сега треба да се води во Македонија и Тракија имајќи ја предвид посетата на првиот министер.

2. Инсистирањето на министерот за чистење на Атина и Атика без јасен став во однос на остатокот на Грција не им дава уверување на антикомунистичките елементи во Солун кои чувствуваат дека доминацијата на ЕЛАС овде може да биде одобрена или дека ЕЛАС би можел да концентрира голем дел од своите сили во оваа област од која тие тогаш би можеле да бидат истерани само со голема воена операција.

3. И покрај тоа што пацификацијата на Атика, без сомнение, би предизвикала многу корисен ефект овде и 6и значело значително ослабнување на локалниот фронт на ЕАМ/ЕЛАС, во овој момент јас гледам помала веројатност, отколку порано, македонските комунисти да ја напуштат власта. Тие се свесни за омразата која континуирано се акумулира против нив и сфаќаат дека тоа не е само борба за власт туку, исто така, и за нивните животи. Случаи на освета се случуваат и во градовите и селата. Не постои доволно јака сила која и е на располагање на владата за да ја одржува рамнотежата помеѓу спротивставените партии. Кога трупите на ЕЛАС се потиснати, британските трупи никогаш не можат ефикасно да ја преземат оваа улога.

4. Јас разбирам дека прво е потребно да се чека и да се види ставот се додека Атика се исчисти. Но е пожелно дури и сега да се прават планови за Македонија и Тракија врз претпоставката дека комунистите нема да го одложат оружјето. Прво, било каква акција да се преземе мора да биде поддржана со побројни воени сили отколку што сега се на располагање. Хуманите мотиви спрема обичните граѓани, како и чисто воените обѕири го бараат тоа. Второ, можеби ќе биде лодобро ако може тоа да се постигне со растурање на мирен начин отколку некој формален акт за распуштање на војската или во комбинација со двете, знаејќи дека многу офицери на Е.Л.А.С. се колебаат да ја напуштат организацијата ако им се понуди соодветна сигурност. Имајќи го ова предвид јас му сугерирам на бригадирот Ловет дека прелиминарните планови би требало да се изработат со цел да се дезинтегрира Е.Л.А.С. со поттикнување на дезертирањето во одреден рок. Реализирањето на овие планови би требало внимателно да се ко-ординираат со осмислени воени операции како би можеле да предизвикаат максимален ефект.

5. Соочувајќи се со локалната ситуација би било од голема корист кога би ми биле дадени одредени информации за општата политичка линија, како и одредени инструкции кои се однесуваат на мојата област.

6. Го молам Форин офис да го повтори истото до Атина како во случај со мојата телеграма 6р. 54. [Повторено до Атина од Форин офис под бр. 597]

FО 371/43649 R 22023/1009/67