Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 26

Од Wikibooks

ТЕЛЕГРАМА ОД ФИЦРОЈ МАКЛИН, ШЕФ НА БРИТАНСКАТА ВОЕНА МИСИЈА ВО ЈУГОСЛАВИЈА, ДО ФОРИН ОФИС

Бригадир Маклин И. 2.25 п.м. ГМТ 30 декември 1944.

Бр. 100 П. 4.25 п.м. БСТ 30 декември

1944.

29 декември 1944

ВАЖНО

Она што следува е повторено со телеграма бр. 791 до САКМЕД.

Во врска со мојата телеграма бр. 713 од 21 декември повторена до Форин Офис под бр. 78.

Она што следува е примено од мојата мисија при Главниот штаб на Македонија.

"Односите со партизаните сега наизглед се многу подобрени и е сторено се за нашата материјална удобност. Нашето движење надвор од Скопје е ограничено со образложение за опасноста од субверзивни елементи. Апостолски е одговорен за нашата безбедност. Движењето во Скопје се уште се контролира од не (повторувам не) официјална безбедносна полициска организација. Граѓаните се многу пробритански определени и неколку изразија желба дека британските трупи би требало да влезат во Македонија. Многу, вклучувајќи ги и партизаните, се незадоволни од сегашниот режим што се должи на воената управа и автократската контрола. Некои граѓани познати како демократи и пробритански беа затворени за различни политички [ѕ!с].

Голем број од поранешните четнички команданти, кои им се придружија на партизаните, се затворени за манифестирање на ставови против режимот. НКОЈ (повторувам НКОЈ) не ги предупредил граѓаните и партизаните да не не посетуваат освен за службени работи. Печатот се уште молчи за ситуацијата во Грција. Верувам дека е во пораст илегалната кампања против Британците и кампањата за помош на ЕАМ (повторувам ЕАМ). Печатот, исто така, води незабележлива комунистичка пропаганда. Економската ситуација овде е лоша, пред се, поради недостиг на транспорт и неефикасност. Има доволно храна во Македонија, но акутен е проблемот на дистрибуција. Претходното е можеби причина за пов-торните избори за новиот Министерски совет на АСНОМ (повторувам АСНОМ) кој ќе се одржи на 28. Повторен е прогласот за скорешниот мобилизациски закон. Новиот мобилизациски закон, објавен денеска во печатот, ги повикува сите оние, без разлика на годините и занимање, кои служеле во војска или биле морнарички топџии.

FО 371/43649 R 22084/1009/67.