Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 25

Од Wikibooks

ТЕЛЕГРАМА ОД ФОРИН ОФИС, ДО АМБАСАДОРИТЕ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО СССР И САД

27 декември 1944

Повторено до Белград бр. 45.

Софија бр. 297.

Атина бр. 576.

Канцеларијата на Ресмед, Казерта бр. 2445.

Постојат индикации дека идејата за југословенско-бугарска федерација со задоволство е подржана од Југословенското национално ослободително движење и дека Бугарите се спремни уште еднаш да подржат агитација за голема Мекедонија на сметка на Грција. Лично маршал Тито отиде предалеку отколку што смее зборувајќи со топлина за југословенско-бугарското пријателство. А некои од неговите приврзаници отидоа предалеку што јавно бараат вклучување на грчка Македонија во Југославија.

Бугарскиот печат соопштува за состанок во Белград меѓу југословенска и бугарска делегација, еден од членовите на делегацијата е од составот на бугарската влада, на кој е дискутирана политичката оранизација на Југославија со претпоставка дека ќе има федерација во која исто така ќе влезе и Македонија. На македонските пропагандисти исто така им беше дозволено да одржат митинг во Софија, на кој се дискутирало за формирање на независна Македонија во словенска федерација, вклучувајќи ја Бугарија и различни делови од југословенските народи. Македонска бригада на Југословенската армија за национално ослободување е формирана и е стационирана во Битола.

2. Прашањето на македонската бригада е разгледано од бригадирот Маклин и маршал Тито кој даде лично уверување дека тој нема агресивни намери спрема грчка Македонија и дека бригадата нема да ја премине границата. Неговите команданти примија дополнителни инструкции да не прават понатамошни референции кон Грција или кон македонското прашање без тој да биде известен. Тој исто така дал уверување дека било кои југословенски аспирации ќе бидат поставени по редовен пат на мировна конференција, но не пред тоа.

3. Овие уверувања се задоволувачки и разубедувачки колку што е тоа можно. Но и покрај тоа владата на Неговото Височество мисли дека е потребно своите погледи по тоа прашање да ги обелоденат сега. Поради тоа молиме да се информираат (1) советската влада и (2) владата на Соединетите Американски Држави за ставовите кои се наоѓаат на почетокот на следниот параграф нагласувајќи притоа дека тие во исто време се испратени до (1) владата на Соединетите Американски Држави и (2) советската влада. Само за ваша информација, се предлага да се врачи едно соопштение со иста содржина на маршал Тито и бугарската влада по кратко време. Инструкции во таа смисла ќе бидат благовремено испратени во Белград и Софија.

4. Владата на Неговото Височество би поздравила федерација меѓу сите балкански држави, сојузнички и непријателски и по можност вклучување на Турција. Во секој случај, тие нема да дозволат ексклузивна унија или федерација меѓу Југославија и Бугарија која не само што безизгледно не би промовирала федерација меѓу сите балкански држави но исто така би ја изолирала Грција влошувајќи ја така нејзината позиција како балканска држава. Тоа, исто така, би и овозможило на Бугарија, која во двете светски војни и се придружи на Германија против нејзините балкански соседи и против западните демократски сили, да ги избегне консеквенциите за нејзините акции стопувајќи го својот идентитет како една од членките на Обединетите Нации. Што се однесува до Македонија, владата на Неговото Височество е подготвена да прифати формирање на македонска држава како федерална единица во идната федерална Југославија, но тие мора да инсистираат дека оваа држава (или југословенската федерална влада зборувајќи во своја корист) нема да анектира ниту ќе полага аспирации на било кои територии коишто и припаѓаат било на Бугарија или Грција под изговор дека тие територии се "Македонски".

Белешки

Споменувањето на "македонската бригада" во параграф 1 и 2 во телеграмата до Москва и Вашингтон може да предизвика недоразбирање. Фактички постојат 19 македонски бригади во Југословенската национална ослободителна армија. Но бригадата во Битола е нешто одделно, составена од лица од грчка Македонија. Можеби ова би требало да се појасни во другата телеграма.

Ј. М. Адис

29 декември

Денеска јас му ги покажав на сер А. Кларк Кер Меморандумот за Македонија и заклучокот на кабинетот. Исто така како примери за она што се случува му ги посочив телеграмите на г-дин Хостон Босвил тел/еграма/ 240, тел/еграмата/ на генерал Окслеј (Oxley’s) М/298 од 13 декември и на г-дин Дикин бр. 544. Го прашав дали има некој приговор на нашата намера да ја известиме советската влада како што е истакнато во Меморандумот.

Сер А. Кларк Кер истакна дека нема никакви приговори, и покрај тоа што тој се сомнева дали ќе добиеме вистински одговор. Бидејќи тој има намера да остане овде неколку недели пред да замине, се согласи дека комуникацијата не треба да чека за тој да се врати за, во меѓувреме, да не би се влошила општата ситуација во Македонија до тој степен што би и наштетило на целата наша позиција.

Како прво, тој сугерира дека можеби најдобар начин е секретарот на државата да испрати директна порака до М. Молотов по предметот. Но по подолга дискусија се согласивме дека оваа процедура може да се употреби во случаи кога ние сакаме да добиеме моментални одговори што се однесуваат на конкретни случаи и дека ние тоа сега го користиме со цел да добиеме подобар третман за британската мисија во Бугарија. Би било доволно ако нашите погледи за македонското прашање се стават во извештајот како додаток на извештајот на г-дин Баолфур до советската влада. За да ја комплетираме нашата акција ние 6и требало да го известиме маршал Тито и бугарската влада во истата смисла на нашата комуникација до советската влада. Поднесувам нацрт телеграма до г-дин Балфур заедно со телеграмите до бригадирот Маклин и г-дин Хостон Босвил.

О. Г. Сарџент

15 декември1944

Јас сум на мислење дека заклучокот на Воениот кабинет целосно ни дава за право да стапиме во извршување на акцијата која е предложена. Само во еден случај можеме да отстапиме од овие заклучоци, а тоа е, дека работата треба да ја отпочне Сер Кларк Кер во Москва по неговото враќање. Како што има намера Сер А. Кларк Кер да остане во земјата до крајот на јануари, ние предлагаме дека потребната комуникација треба да се направи до Молотов од г-дин Балфор. Сер Кларк Кер го поддржува тоа.

О. Г. Сарџент

22 декември 1944.

FО 371/43649 R 21989/1009/67