Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 22

Од Wikibooks

МЕМОРАНДУМ, ЗА МАКЕДОНИЈА ОД АНТОНИ ИДН, МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

ТАЈНО Копија бр. 63.

В. П. (44) 707.

5 декември 1944.

ВОЕН КАБИНЕТ

МАКЕДОНИЈА

Меморандум од министерот за надворешни работи

Во прилог на ова писмо испратив до моите колеги меморандум од сер Орме Сарџент за македонскиот проблем и идејата за обединување меѓу Југославија и Бугарија.

2. Ако моите колеги се согласат предлагам за потребно да ја информираме Советската влада за нашите погледи во однос на предметот во смисла на последниот параграф од овој меморандум.

Форин офис, 5 декември 1944.

А/нтони/ И/дн/

Се уште не се исушило мастилото на бугарскиот мировен договор, а почнаа да се појавуваат знаци кои покажуваат дека Титова Југославија почнува да размислува за југословенско-бугарска федерација и дека Бугарите повторно ги подгрејуваат т.н. македонски аспирации. Досега ништо опипливо или официјално не е истакнато, но е јасно дека во полн ек се разговори и планирања. Лично Тито даде навестувања во многу интервјуа и говори во кои тој особено се труди да го велича југословенско-бугарското пријателство, а некои од Титовите следбеници отидоа уште подалеку и ја побараа грчка Македонија за Југославија. Во меѓувреме бугарскиот печат пренесе информации за одржаниот состанок во Белград меѓу југословенските и бугарските претставници на кој се разгледувало идното внатрешно уредување на Југославија под претпоставка дека ќе се создаде федерација во која исто така ќе влезе и Македонија. Еден од бугарските претставници е член на владата. Во Бугарија, исто така, македонските пропагандисти се многу присутни во печатот и им беше дозволено да одржат собир во Софија и да го дискутираат формирањето на независна Македонија во словенската федерација вклучувајќи ја Бугарија и одделни делови од југословенските народи. Повторно се појавуваат приказни за македонската бригада која дејствува во грчка Македонија.

2. Овие активности во сегашниот момент може да се сметаат само како непромислени потези и жални интриги кои сосема јасно се поттикнати од двете влади. Тоа исто така се должи и на фактот што Грција во сегашниот момент е премногу слаба за да ги изложи своите интереси на Балканот. Ако не се спречат тие се на пат да прераснат во сериозна агитација, која во сегашната анархична ситуација на Балканот може лесно да излезе надвор од контрола и да води кон директна акција за државни удари и борби.

3. Ние би требало да бидеме информирани поради што треба повторно да ја преиспитаме природата на овој стар и неразбирлив проблем за Македонија и исто така нејзината врска кон неодамнешната идеја за словенска федерација вклучувајќи ја и Југославија, Бутарија и Македонија. Во блиска иднина ние ќе треба да решиме каков став треба да заземе владата на Неговото Височество во светлината на британските интереси. Ние тешко да можеме да останеме пасивни и индиферентни имајќи ја предвид нашата политика да ја изградиме Грција и да ја потпомогнеме Турција како балканска сила.

4. Таканаречениот македонски проблем датира од времето на Берлинскиот договор од 1878 година, но ја доби сегашната форма како резултат на Втората балканска војна во 1912 година кога турската територија, населена со Словени, полагајќи право дека се Македонци, беше приграбена од Грција и Србија и поделена меѓу нив оставајќи и на поразена Бугарија само мал дел од таканаречена Македонија што се состои од струмичката долина и областа Пирин. Грција и Србија се обидоа да го апсорбираат нивното македонско население. Може да се каже дека Грција успеа во тоа со колонизирањето на територијата. Тие населија во неа Грци доведени од Мала Азија и така го трансформираа словенското мнозинство во малцинство. Србите не беа толку успешни. Тие ги третираа Македонците како Срби и нивната територија стана "Јужна Србија". Но населението одби да биде апсорбирано во српската нација и беше охрабрено од Бугарите кои оценувајќи дека "грчка" Македонија во сегашните услови е надвор од нивниот дофат никогаш не го прифати српското населување. Оваа бугарска Македонија од времето на Балканските војни е во фокусот на терористичката агитација варирајќи во интензитетот, приклонувајќи се кон барањето за посебен идентитет на Јужна Србија како Македонија, барајќи притоа или нејзина автономија или нејзина анексија кон Бугарија. Раздорот за цело време е пред се меѓу Србите и со српската династија - не меѓу Бугарија и Југославија -бидејќи Србите се апсорбирани во последната војна во Југославија и затоа (и можеби поради тоа) таа е доминантен партнер во новата држава. Хрватите и Словенците никогаш не се чувствувале себеси како партнери во овој раздор.

5. За време на целиот период меѓу двете светски војни секогаш се јавуваа одредени напредни Словени - во Југославија и Бугарија - кои во федералната унија меѓу Југославија и Бугарија и Македонија гледаа солуција за македонскиот проблем. Но објективните пречки беа многу големи за да се оствари таа идеја. Во почетокот постоеше ривалство меѓу двете национални династии, која ќе и попушти на другата. Тогаш Србите беа доволно мудри за да увидат дека во таква унија тие повеќе нема да бидат доминантна сила како што беа во Југославија, но ќе бидат доминирани во комбинација од Хрватите и Словенците од една страна и Бугарите и Македонците од друга. Грција и Турција, исто така, се спротивставија на идејата, бидејќи тие со право увидоа дека словенска држава која ќе се простира преку Балканот од Јадранското Море до Црното Море би била директна закана за нивните сопствени територии.

6. Би било заблуда да се претпостави дека ако српските и бугарските разлики се елеминираат или ако навистина се склучи вистинска унија меѓу Југославија и Бугарија балканскиот проблем ќе биде решен и мирот и стабилноста ќе завладеат во Југоисточна Европа. Како што сер Невил Хендерсон истакна, во 1934., во времето на склучувањето на Балканскиот пакт тоа е најголемата грешка. "Мирот завршува таму каде српско - или поточно југословенско-бугарската унија почнува...Меѓу балканските држави, формирани како што се, рамнотежата на силите е правилно расподелена. Но таа веднаш се менува ако Бугарија се обедини со Југославија". Федерална унија меѓу различни делови од Југославија од една страна и Бугарија од друга нема да значи крај туку трансформација на македонското прашање во нешто уште поопасно т.е. заедничка југословенско-бугарска експанзија кон југ, возобновувајќи ја македонската и бугарската иридента. Бугарите имаат аспирации за враќање на Западна Тракија, во откажувањата што досега ги правеше Грција ја имаше поддршката на Југославија, но од тој момент тие би станале дополнителна сила што би ја носела со себе унијата меѓу двете држави. Србија, подоцна Југославија, го посакуваше во минатото пристаништето Солун кое ги контрслира грчките најбогати провинции и е витално за грчката економија додека Бугарија секогаш гледаше на Солун како на главен град на Голема Македонија. Со обединувањето на Бугарија и Југославија, Грција ќе се соочи со дополнителен притисок кон ова витално пристаниште пред се како општословенски интерес или задоволување на природните аспирации на автономна Македонија новоформирана како една од федералните партнери во југословенско-бугарската унија.

7. Поради овие причини на идејата за југословенско-бугарска унија никогаш не и беше дозволено да влезе во рамките на практичната политика. Но во услови кои постојат денес, пречките кои можеа да го спречат тоа пред војната сега се многу намалени и изгледа, ако повторно оживее, идејата како да може лесно да прерасне во политичка реалност. На пример, личното ривалство и меѓусебната недоверба на двете династии, кои во годините пред војната толку ефективно ја спречуваа југословенско-бугарската соработка, не е повеќе фактор од било каква важност. Југословенскиот крал е во прогонство и бугарскиот крал е малолетен, а перспективите да владеат таму каде што владееја нивните татковци се мали. Второ, Тито и партизанското движење водат многу внимателно испланирана и промислена политика на намалување на српското влијание во Југославија. Тито ги потисна Србите во границите на Стара Србија и со одлуката од минатиот ноември ја подели Југославија на автонимни единици. Една од нив беше и формирањето, надвор од рамките на Србија, на "Македонија". Во врска со ова значајно е што во моментот се во оптег тајни состаноци со што Пирин, бугарска провинција од Македснија, ќе биде обединета со бугарска согласност кон југословенска Македонија. Не може да се претпостави дали Бугарија би ја отстапила оваа територија освен ако тоа не е само вовед кон нејзиното целосно приклонување кон југословенско-бугарската федерација во која Македонија би била една од конститутивните држави. И трето, Грција во критичниот момент е во состојба на хаос и не е во позиција да ги брани своите погледи и интереси. Турција, исто така, како неутрална, не е во ситуација да интервенира.

8. Културно и расно таквата федерација би имала природни склоности кон Советскиот Сојуз и политичките односи меѓу двете без сомнение би биле многу блиски. Уште повеќе, Советскиот Сојуз може да ги подржи словенските експанзионистички аспирации. Тие можат да им послужат многу добро на стратегиските интереси на Советскиот Сојуз во случај ако оваа јужнословенска федерација има пристаниште на Егејот како што е Солун. Познато ни е дека Советскиот Сојуз настојува да ја ревидира конвенцијата за Протоците со цел да ја лиши Турција од нејзиното неприкосновено право да ги затвори Протоците. Губењето на Адријанопол од Турција би создало ситуација во која турска Тракија и европскиот брег на Протоците би останале небранети. Турција би била елеминирана како европска и балканска сила и кој и да е режим, во пријателски односи со Советскиот Сојуз ги добие Протоците, би било рамно на физичко контролирање. (Овде би требало да се спомене дека во 1940. советската влада и ја понуди на бугарската влада линијата Енос-Мидија како надоместок за бугарското потпишување на пактот за меѓусебна помош).

9. Ако сликата во сегашниот момент е таква и се направени точни процени во однос на идниот развој на настаните, се поставува прашањето како се загрозени британските интереси и како најдобро тие би можеле да бидат заштитени?

10. Во минатото ние се надевавме дека солуција за ова и другите балкански проблеми може да се најде во обединување на сите балкански држави - како сојузнички така и непријателски - и вклучувајќи ја можеби и Турција, во една федерална држава. Како прв чекор во таа насока ние го подржавме договорот од 1941 меѓу грчката и југословенската влада во прогонство што требаше да биде база за таквата балканска федерација. Идејата беше напуштена пред се поради сомневањата на Советскиот Сојуз во грчко-југословенскиот договор. Тие мислеа дека интенцијата е таа да стане заштита од руското влијание и пенетрација на Балканот. Во овие услови и руските окупациски армии во Романија, Бугарија и во поголемиот дел на Југославија би било бескорисно да се оживува било грчко-југословенскиот договор или идејата за целосна балканска федерација. Но затоа не постојат никакви причини ние јасно да ставиме до знаење дека нема да прифатиме како алтернатива ексклузивна југословенско-бугарска унија. Навистина, кога тогаш ние ќе ставиме вето на таквата комбинација за да ги заштитиме нашите интереси, би било најдобро да ги обелодениме нашите ставови пред политиката на владата на Советскиот Сојуз и југословенската и бугарската влада да се искристализира. Само така можеме да се надеваме да ги избегнеме идните заемни обвинувања и крнфликти.

11. Што и да се преземе во однос на тоа би требало добро да се промисли. Но сосема е јасно дека каква и да преземеме акција таа треба да се преземе што е можно побрзо и можно. Општо земено, позицијата која ние би требало да ја заземеме е (а) и покрај тоа што ние 6и ја поздравиле федерацијата меѓу сите балкански држави, како сојузнички така и непријателски и вклучувајќи ја по можност и Турција, не може да се согласиме за една ексклузивна унија или федерација меѓу Југославија и Бугарија бидејќи тоа би ја променило рамнотежата на силите меѓу балканските држави, би ја изолирало Грција и 6и ја довело во опасност нејзината позиција како балканска држава и затоа што тоа 6и ја оневозможило Бугарија, која во двете светски војни и се приклучи на Германија против нејзините балкански соседи и против западните демократски сили, да ги поднесува консеквенциите од нејзините дела стопувајќи го својот идентитет како една од членките на Обединетите нации; и (б) и покрај тоа што ние сме спремни да го прифатиме формирањето на македонската држава во идната Југословенска федерација, ние мора да инсистираме дека оваа држава нема да анектира или да полага право на било која територија што и припаѓа било на Бугарија или Грција под изговор дека овие територии се "Македонија".

30. ноември 1944. О. Г. Сарџент

FО 371/43649 НР 00201 R 19712/1009/67