Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 21

Од Wikibooks

ТЕЛЕГРАМА ОД ХОСТОН БОСВИЛ, ПОЛИТИЧКИ ПРЕТСТАВНИК НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО БУГАРИЈА, ДО АНТОНИ ИДН, МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Бр. 20 Канцеларија на британскиот политички претставник, Софија 29 ноември 1944

(14/40/44).

Тајно.

Господине,

Повикувајќи се на мојата телеграма бр. 17 од 22 ноември имам чест да Ви доставам превод на една статија од Д-р. Г. М. Димитров, бугарски земјоделски лидер, за македонското прашање, што се појави во органот на земјоделската партија "Земјоделско знаме" од 22 ноември.

Слаткоречивата статија е доказ дека д-р Димитров, како што се напоменува во третиот параграф од мојата телеграма бр. 19 од 19 октомври, го поддржува формирањето на Македонија како автономен ентитет. Во приватна конверзација тој фактички ја објасни својата идеја по тој предмет во истата смисла. Тоа воопштено говорејќи е следново:

Бугарска Македонија (т.е. деловите од Пирин и Петрич) мора конечно да биде вклучена во секој македонски автономен ентитет, но тоа мора да следува, а не да претходи на формирањето на југословенско-бугарската унија. Се поставува прашањето дали овие територии отстапени на Македонија, која веќе во оваа прва фаза е вклучена во југословенската федерација, последнава нема да го поклопи остатокот на Бугарија и да и наметне свои услови на Бугарија кога прашањето за нејзиното приклучување кон федерацијата ќе се постави. Што се однесува до грчка Македонија, додека д-р Димитров признава дека промената на населението во оваа област во текот на последниве две децении комплетно го еленизира тој дел, тој истакна дека македонските аспирации за нејзиното вклучување во македонскиот ентитет не може да се отпише, имајќи го предвид прашањето за југословенскиот и бугарскиот излез на Егејот. Ниту тие аспирации можат да бидат поддржани. Како единствена солуција тој сугерира интернационализација на Солун и нејзината позадина со југословенските и бугарските граници од пред 1941. Тоа тој тврди би ја ослободило Грција од било каква загриженост од изненаден напад од север и ќе ги покаже како невалидни нејзините аспирации, од стратегиски причини, спрема проширувањето кон север кон бугарска Македонија на нејзините граници.

3. Д-р Димитров секогаш во конверзација е внимателен при истакнувањето дека овие прилагодувања, ако тие имаат било какви шанси на успех, би требало да се направат во рамките на општа (не само јужнословенска) балканска федерација, вклучувајќи ја и Романија (ако не е целосно под советска доминација) и веројатно Турција. Прашањето на Европска Турција тогаш 6и се решило на начин сличен на тој на грчка Македонија viz. so интернационализација на Истанбул, Протоците и турска Тракија. Дали овие повеќе од смели идеи на д-р Димитров се веројатни, секако е друга работа. Испраќам копии од оваа телеграма до амбасадорот на Неговото Височество во Атина и Ангора, до резидентот министер во Казерта и г-дин Брод во Бари.

Хостон Босвил

FО 371/43649 R 21374/1009/67