Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 19
ТЕЛЕГРАМА ОД АМБАСАДАТА НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО МОСКВА, ДО КРИСТОФЕР
(122/17/44) БРИТАНСКА АМБАСАДА
МОСКВА
27 ноември 1944
Мој драг Кристофер,
Амбасадорот мисли дека вие би сакале да го погледнете прилогот кој претставува интересен запис од она што Адам Ватсон го собрал од локалните странски новинари за аспирациите на Југославија, обелоденети од разговорите што тие ги имале со членовите на групата што дошла во Москва со Шубашиќ минатата недела и Југословените en poste.
2. Во случај нивните впечатоци да се точни, изгледа како овие аспирации да се составени од идејата за интегрална Југославија и од паролата "Балканот на балканските народи" која во деновите на мојот претстој во Белград беше прифатена од сите оние Југословени кои беа уморни од меѓународното ривалство на Балканот и сакаа да ја видат нивната земја доволно голема за да ја оневозможат интервенцијата на било која голема сила. Навестувањата за вклучување на Унгарија во таква федерација е секако амбициозно: Русите кои можеби ќе го преземат на себе подржувањето на бугарско-југословенското сошиетед прес со генерал Велебит (кој го познава од Југославија) може да се скицира следнава слика. Тито и партизаните се сигурни дека идејата за федерално решение на југословенскиот проблем, базиран на локални народни влади во рамките на строга "партијаност", се голем извор на моќ. Младите генерации таму се уморни од националните несогласици и вознемирени во барањето излез од тоа.
На внатрешен план во секоја од федералните области ќе има една партија, Национално ослободителната партија. Но ќе има поголема ширина за политиката која ќе се определува со референдум на одредено време. Тоа ќе биде проследено со поголеми мерки на селанска демократија - секогаш популарна на Балканот. Очигледно не сака да се наметне било какво одредено решение за проблемот како што е сопственоста на малите индустрии. Резолуциите во собранието секогаш ги одразуваат разликите на погледите во однос на ова прашање.
Транспортот, воените работи и т.н. ќе бидат во рацете на централната влада која ќе биде "еднопартиска". Ова "еднопартиска" малку или повеќе е коалиција од сите активни просојузнички елементи (сТ. (Је ОаиНе). Војниците и партизанските единици, од кои многу се или се нарекуваат комунисти, чудно се однесуваат во однос на вклучувањето на Шубашиќ и т.н. отколку на Тито и водачите. Се очекува федералната солуција да оди и над границата на сегашна Југославија. Обично се смета дека Бугарија "многу веројатно" ќе и се приклучи на новата федерација, имајќи предвид дека повеќе или помалку партизански и селански влади постојат во двете земји. Лично Тито е многу чувствителна на ова.
Албанија исто така е контролирана од партизаните и ќе сака да влезе во исти односи со федерална Југославија од страв од Грција и пред се поради политичката блискост. Велебит истакнал дека тоа би се остварило доколку Британците немаат ништо против. Не е пожелно да се лаже Британија. Албанија не е важна, освен што таму има добри пристаништа за трговија на Балканот.
Генерал Велебит истакнал дека партизаните се многу разочарани во Грција каде партизанското движење не успеало да прерасне во општонародно востание и направило малку против Германците. Се чини Југословените, општо, не ги сакаат Грците.
Сите Југословени сметаат на преземање на Риека и Трст и цела Истра. Тие веруваат дека многу Италијани, особено пристанишните работници и т.н. би биле задоволни да останат во просперитетниот Трст. Слободен пристап кон пристаништата и секаков вид транспорт ќе им биде даден на Австрија, Унгарија и Чехословачка за трговија преку Трст кој мора да го добие своето поранешно значење.
Иако три четвртини од Германците без сомнение ќе бидат протерани од Југославија со народните барања, тоа не се однесува на Унгарците против кои се има скоро исто чувство. Тито се надева дека Унгарија по ова ќе има млада влада и дека ќе има најмалку царинска унија и добри односи. Се очекува и таа да се придружи кон федералниот систем. Некои унгарски партизани добро се бореа во Југославија.
Што се однесува до Австрија, таа земја не ужива симпатии, но мора да и се помогне за да опстане економски. Посебни економски договори треба да се склучат со неа и тоа да му се објасни на народот. Постојат надежи дека и Чехословачка ќе соработува. Таа без сомнение по заобиколен пат ќе дојде до федералната солуција за нејзиниот проблем. Повеќето Југословени кои се наоѓаат овде во посета се наполно свесни дека покривката на Австриската империја се спушта над нив. Тие го отсликуваат Белград како федерален главен град на Дунавската партизанска област поврзана со слободна трговија, хидроенергија и т.н. Милан Хоџа и други се залагаа за федерализам пред 1914. но за тоа не постоеше политичка база. Партизаните многу се вознемируваат од можноста да бидат обвинети за империјализам, но сметаат дека секој правилно ќе ја оцени спонтаноста, доброволноста и општата природа на секој направен договор.
Во однос на ставот кон Британија погледите се различни. Водачите ја разбираат потребата за добри односи. Симиќ истакна дека Британија не ужива популарност во Белград поради тоа што многу малку направи за партизаните, додека Б.Б.С. зборува за голема помош. Но други истакнуваат дека Британија е популарна во крајбрежниот дел и во Хрватска. Српските партизани се многу чувствителни на нашата помош на Михајловиќ. САД се многу понепопуларни отколку ние, особено за бомбардирањето на Белград и за општата рамнодушност.
Има доволно храна во северна Југославија за да се нахрани целата земја само ако има транспорт. Основните потреби се облека и камиони.
27 ноември 1944
А/дам/ В/атсон/
(Белешки)
Оцената дадена за идната организација на федерална Македонија кореспондира со извештаите на бригадирот Маклин.
Без сомнение некои постари членови на партизанското движење имаат многу долгорочни идеи за идната позиција на Југославија на Балканот. Комуникацијата која господин Балфор треба да ја направи во однос на другите документи за македонското прашање може да даде индикации за погледите на советската влада во однос на целото прашање. Мајорот Хеникер-Мејџор кој го напушти Белград пред еден месец ми кажа претходниот ден дека ентузијазмот за советскиот сојузник е многу поголем. Гледаме каков ефект и држење има во Југославија за Британците, на кои се гледа како на нешто второстепено, иако се уште е добронамерен фактор.
Џ.М. Адис
4 јануари /1945/
Северен оддел.
Вознемирува што овој извештај е пристигнаг доцна. Копија од него треба да се приклучи кон онаа на г-дин Стивенсон.
Деловите за Бугарија, Албанија, Унгарија и Русија се многу интересни како и последните и претпоследните делови од извештајот.
/Потпис нечиток/
4 јануари /1945/
FО 371/44395 R 21002/18457/92