Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 18

Од Wikibooks

ИЗВЕШТАЈ ОД ЛИПЕР, АМБАСАДОР НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО ГРЦИЈА, ДО АНТОНИ ИДН, МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

БАЛКАНСКИ ДРЖАВИ 11 декември 1944

ТАЈНО Секција 1.

[R 20431/1009/67] Копија бр. 8.

Г-дин Липер до Г-дин Идн.-(Примено на 11 декември.) (Бр. 57.)

Атина, 24 ноември 1944.

Господине,

Имам чест да го приложам следниот коментар на документот на одделот за истражување од 26 август 1944. во однос на предметот Македонија.

2. Два тешки македонски проблеми со кои Грција е засегната се: а) грчките односи со словенскиот свет застапени од Србија и Бугарија и се очекува и двете во најблиска иднина да бидат под силно руско влијание и ќе имаат руска подршка за своите аспирации и 6) преживеаното бугарофилско малцинство во Западна Македонија.

3. Првиот проблем се однесува воглавно на српскиот и бугарскиот излез на Егејското море, предмет дискутиран во параграфите 35-40 и 41-43 во документот. Сосема е јасно дека во никој случај не смее да се дозволи на словенските сили да им се даде било кој дел од северниот Егејски брег кој во 1940 имаше мало малцинство на словенски жители. Од друга страна, стратегиската позиција на Грција овде, дури и со турска позадина е многу слаба vis-a-vis словенскиот свет, така што дури во нејзин сопствен интерес е Грција да постигне договор со нејзините северни соседи. Единствената можна солуција - тешко изводлива во практика во сегашните услови - се чини дека е онаа сугерирана во параграф 51, имено враќање на системот на слободни зони. Српска слободна зона во Солун не е проблем, но бугарска зона во Кавала или дури во оддалечениот Алексанадропулос, е надвор од прашање во догледно време имајќи ги предвид страдањата настанати од ужасите предизвикани од Бугарите во северна Грција од 1941. Останува, како и да е, не помалку грчки отколку бугарски интерес бугарската желба за излез на некое егејско пристаниште да биде задоволена што е можно побрзо, бидејќи, од друга страна, бугарските јужни политички аспирации кои сега се во голем дел вештачки ќе продолжат да живеат од една незадоволена економска потреба. (Како ќе биде примена алтернативата за слободна зона во Дурацо е работа на посебна студија). Би можело да се каже дека давањето слободни зони во нејзините северни пристаништа би било фактички од директна финансиска корист на самата Грција преку оживувањето на влијанието на нараснатата размена во тие пристаништа општо и преку реставрацијата на природниот степен од меѓусебната врска меѓу тие грчки пристаништа и неговата словенска позадина.

4. Проблемот со Западна Македонија бугарофонска, која е кратко спомената во параграф 7 на документот, исто така останува сериозен и тежок во поглед на лиминтираните димензии. Ова малцинство кое се простира преку регионот од Флорина до Касториа преку Сјатиста до рамнините на Јаница се докажа како прекумерно несигурно во текот на војната. Не се достапни статистички податоци, но изгледа од настаните во текот на окупацијата дека незадоволното малцинство мора да е многу поголемо отколку што се сугерира од страна на грчките статистички подтоци; очигледно е дека грчките влади избегнувале да се соочат со проблемот и дури се обидувале да се убедат себеси дека тој не постои. Под претпоставка 1) дека политиката на владата на Неговото Височество е да ја третира Грција како најважна балканска земја од британска гледна точка и да ги помага оние елементи во Грција кои се цврсто пробритански и 2) дека Грција не сака да припаѓа на Балканска федерација во која мнозинството би било словенско. Изгледа дека Грција не сака да има словенско малцинство, додека отцепувањето на словенската област во Западна Македонија и нејзиното анектирање во словенска федерација е практично невозможно и би било, исто така економска катастрофа за Грција, 6и следело, дека е тешко да се најдат домови за можеби 120 000 словенски Македонци северно од грчката граница од 1941.

5. Испратив копии од овој извештај до Резидентот министер во Казерта, до г-дин Хостон Босвил во Софија и г-дин Брод во Бари.

П. А. Липер

(Белешки)

Сметам дека проблемот за бугарскиот излез на Егејот не може да се реши како што е во делот 3. Меѓу двете светски војни Грција понуди економски излез кон Солун, Кавала 7.../91 и Александропулос. Бугарија го отфрли сето тоа, поради тоа што она што таа сакаше беше целосна сувереност.

16. XII 1944

В. Ц.. Едмондс

Јас се согласувам со г-дин Едмондс. Економски излез, за несреќа не би ја задоволил Бугарија, која најверојатно ќе продолжи да ги одржува нејзините желби за јужни политички аспирации со вештачки намери. Бидејќи Грција не се очекува да отстапи територии со полна сувереност на Бугарија овој проблем изгледа нерешлив. Не е јасно во параграф 4 дали македонските Словени ќе се населат во Југославија или во Бугарија. Да допуштиме дека би било пожелно за Грција да нема словенско малцинство. За самата нејзе би било тешко да ги отфрли нејзините Словени надвор бидејќи нејзината политика секогаш беше да докажува дека тие се Грци.

19. XII 1944

X. К. Томпсон

Јас мислам дека во оваа фаза нема што многу да се каже. Јасно е дека Грција се наоѓа во дефанзива во однос на еден агресивен југословенски и бугарски блок. Јас не мислам дека има шанси да се истребат 120 000 Македонци надвор од Грција.

/потпис нечиток/

FО 371/43649 R 2043/1009/67