Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 15

Од Wikibooks

ТЕЛЕГРАМА ОД ФОРИН ОФИС, ДО ДИПЛОМАТСКИОТ ПРЕТСТАВНИК НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО БАРИ

Бр. 918. И. 3.10 п.м. 22

ноември 1944.

22 ноември 1944

Повторено до Казерта Бр. 1990.

Атина Бр.246.

Софија Бр.139.

Она што следува е текст емитуван од новата Југословенска Телеграфска агенција на 14 ноември на англиски од, како што беше нагласено, доктор Влахов, потпретседател на Антифашистичкото собрание на народното ослободување, до грчкиот прв министер.

2. [Почнува]

Веќе двапати, Господине премиере давате јавна изјава што се однесува до проширувањето на грчката територија на север, со преттекст за обезбедување на грчката безбедност. Бидејќи грчките граници на север се населени со Македонци, сметам дека е моја должност да го истакнам следново: Вардарска Македонија, која е рамноправен член на нова федеративна Југославија исто како и Пиринска Македонија, која ќе биде член на нова демократска Бугарија, не ја загрозуваат грчката независност и интегритет; напротив, тие и подаваат братска рака за соработка на сите мирољубиви демократски земји. Населението на Пиринска Македонија, кое ја изрази својата желба да се обедини со неговите браќа во федеративна Југославија, никогаш не ја загрозувало безбедноста на неговите браќа во Егејска Македонија. Вашата изјава е во целосна спротивност со принципите на народите за национално самоопределување, прифатени од сите напредни и прогресивни народи. Тие се во контрадикторност и со принципите на Атлантската повелба прифатена од сите сојузнички земји, според тоа, исто така, и од грчката влада. Јас морам отворено да истакнам, господине премиере, дека Македонците од Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија, кои најактивно учествуваа во борбата против фашизмот, што е докажано со пролиената крв на најдобрите синови и ќерки на македонскиот народ, не само што никогаш никому нема да дозволат да ја загрози нивната слобода, но исто така ќе ја бранат слободата и независноста на секој народ во рамките на нова федеративна Југославија; како што и народите на федеративна Југославија ќе ги бранат границите на Македонија од секој агресор од било која земја. Вашата изјава остава лош впечаток кај сите Македонци. Во име на македонскиот народ чиј претставник сум и јас остро протестирам против вашата изјава која има империјалистички карактер и која јас ја сметам апсолутно неоснована. Во исто време протестирам против [...] македонските антифашисти во Егејска Македонија од страна на органите на грчката влада за нивната борба против германската окупација и нивната желба да зборуваат македонски и да уживаат национални права и слободи [Крај]

3. Јас ќе бидам благодарен ако го замолите полковникот Максвел да му обрне внимание на маршал Тито на споменувањето на грчката територија во овој документ кој го добив непосредно по извештајот за говорот на генерал Ѓилас (телеграма бр. 882). Дали маршал Тито ќе се задоволи со тоа што Влахов зборувал во свое име, како Македонец, би требало да му се каже дека јас тоа нема да го примам како извинување.

FО 371/44395 R 18866/18457/92