Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 14

Од Wikibooks

ТЕЛЕГРАМА ОД ФОРИН ОФИС, ДО ПОЛИТИЧКИОТ ПРЕТСТАВНИК НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО БУГАРИЈА

Бр. 137. И. 6.10 а.м. 22 ноември 1944.

21 ноември 1944.

Повторено до Бари бр. 915.

Канцеларијата на Ресмед бр. 1988.

Телеграма од Бари бр. 1042 [од 16 ноември соопштува за договор меѓу Тито и бугарската влада во однос на Македонија.]

Дали сте во состојба да добиете било каква потврда за постоењето на таков договор?

2. Јас се уште го немам примено вашето писмо бр. 9, но се чини вашата телеграма бр. 1098Ѕ која е во врска со параграфот 3 од вашата телеграма бр. 1989 сугерира дека македонската делегација која дискутира за Македонија со членовите на бугарската влада и ги зацртува границите на федералната македонска држава во рамките на нова федерална Југославија е едно неофицијално тело и нејзините активности се во суштина типичен македонски заговор. Каков е вистинскиот статус на делегацијата?

FО 371/43649 R 18673/14079/G