Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 12

Од Wikibooks

ТЕЛЕГРАМА ОД БРОД, ДИПЛОМАТСКИ ПРЕТСТАВНИК НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО БАРИ, ДО ФОРИН ОФИС

Г-дин Брод И. 5.27 п.м. 16 ноември 1944

Бр. 1042. П. 7.40 п.м. 16 ноември 1944

16 ноември1944

Дежурниот офицер во мисијата на бригадирот Маклин замоли следново да биде пренесено од бригадирот Маклин.

[Почнува]

Се дознава дека неодамна е постигнат таен договор меѓу Тито и бугарската влада со кој Пирин, македонска провинција на Бугарија ќе и биде вратена на Југославија.

[Крај]

(Белешки)

Да се достави до Софија.

Областа Пирин е планински предел кој лежи на запад меѓу струмичката долина и на исток до долината на Места. Таа е во границите на Бугарија уште пред војната и поради тоа не треба да се поставува прашањето за нејзиното "враќање" на Југославија бидејќи во поновата историја никогаш не и припаѓал на Србија. Горниот извештај е потврден со параграф 2 од телеграмата од Софија под 6р. 109 од 13 ноември, дека територијата која е во прашање лежи на запад од долината на Места. Ставот на бугарската влада да ја разгледа сецесијата на така важен дел од нејзината територијата, се чини, ја покажува нeјзината спремност да ја стопи својата сувереност во големата јужнословенска федерација, иако од друга страна е тешко да се верува дека бугарскиот народ би го толерирал намалувањето на територијата.

Ние би требало да го почекаме ветувањето на Хостон Босвил да ни испрати скица пред да побараме друг извештај.

Чуден аспект на ова прашање му дава дополнителното писмо од М. Влахов, македонски комунист, до грчкиот прв министер - соопштено преку долгобрановата новинска агенција Танјуг. Во ова писмо недвосмислено се истакнува дека Пирин ќе биде "единица на нова Демократска Бугарија" која изјава е во контрадикторност со извештаите од Софија и од Бари, Ако извештајот од Софија е точен - а постои добра причина да веруваме дека е -се чини дека формирањето на македонска државна единица ќе предизвика судир (за Солун) со Грците, без разлика дали таа ќе ги оствари своите аспирации кон пиринската област. Но тешко е да се поверува дека југословенските и бугарските федералисти ќе скршнат од патот со цел да го предизвикаат британското спротивставување за формирање на југословенска федерација со неоправдано полагање право на Солун и други неспорни грчки територии. Под претпоставка дека тие се спремни да го забрзаат отворањето на картите и сметаат на советската помош, се чини дека веројатно тие намерно ги истакнуваат нивните максимални територијални претензии со надеж подоцна да ги постигнат нивните пооправдани барања.

Рид

17 ноември1944

Јас морам да признам дека сум наполно збунет во однос на работите што се однесувааат до Македонија. Телеграмата на г-динот Брод зборува за таен договор меѓу Тито и бугарската влада. Јас не сум сосема сигурен, во секој случај, дали ова е, како што сугерира господин Рид, навистина потврдено во телеграмата од Софија бр. 10973. Таа телеграма се осврнува на работата на тајната македонска делегација (види параграф 3 во телеграмата од Софија бр. 19) која е придодадена кон делегацијата на Југословенската национално ослободителна армија. Овие разговори не се со бугарската влада туку со членови на бугарскиот кабинет.

Протестното писмо на доктор Влахов до Грчкиот прв министер е исто така конфузно. Во првиот дел од писмото се чини тој навестува дека југословенска Македонија ќе биде во Југославија и бугарска Македонија во Бугарија. Потоа тој продолжува да зборува за обединување на единиците. Лично, јас сум склон да се сомневам дека она со што ние сме соочени е типична македонска завереничка интрига отколку било каков договор меѓу бугарската влада и партизанските власти. Многу е тешко да се издвои нешто од овој збркан тек на мисли, затоа што информациите што ние ги добиваме од Југославија се многу фрагментарни што се должи на отсуството на британски политички претставник во Белград. Мисијата на бригадирот Маклин не е школувана и веројатно нема да биде охрабрена да испраќа политички извештаи. Се што можеме да направиме е да го замолиме Бари да им постави одредени прашања на кои ние бараме вистинити одговори.

Одделот предлага да се прифати оваа техника со цел да се спречи пристигнувањето на голем број телеграми од Софија за политичките настани во Белград и ослободена Југославија.

Во меѓувреме јас поднесов нацрт одговор за Софија кој би можел да помогне да се расветли ситуацијата.

С.Л. Клутон

18 ноември 1944

Видено од О. Сарџент

Ве молам видете ја белешката на R 18673/G.

С.Л. Клутон

18 ноември 1944

Разгледано со сер Орме Сарџент кој ја одобрува белешката.

21. XI 1944

FО 371/43649 R 18673/1009/67