Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 11

Од Wikibooks

ТЕЛЕГРАМА ОД ХОСТОН БОСВИЛ, ПОЛИТИЧКИ ПРЕТСТАВНИК НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО БУГАРИЈА, ДО ФОРИН ОФИС

Г-дин Хостон Босвил И. 1.04 п.м. ГМТ 15 ноември 1944

Бр. 109. Р. 3.00 п.м. БСТ 15 ноември

13 ноември 1944

Да се повтори до Ресмед

Тајно

Во врска со моето писмо бр. 9 од 10 ноември. Границата на "федералната македонска држава во рамките на новата демократска и нова Југославија" навестена, од водачот на македонската делегација (мојата телеграма бр. 19), на картата спомената на почетокот на вториот додаток на моето писмо во груби црти изгледа како што следува. 2. На исток долината на реката Места и вклучување на Солун; тоа во форма на "V" како клин влегува на север во Грција (т.е. веројатно по долината на Камвуниа и венецот на Пинд, [ѕIс] параграф 1 страна 2 во Меморандумот на Форин офис од 26 август 1944); потоа по должината на Албанската граница (Охридското Езеро и т.н.); потоа источно со вклучување на југословенска и бугарска Македонија. Ве молам повторете го до Казерта како мојата телеграма 6р.28. [Повторено до Казерта под бр. 1905.]

FО 371/43649 R 18594/1009/67