Прејди на содржината

Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 1

Од Wikibooks

ТЕЛЕГРАМА ОД БРОД, ДИПЛОМАТСКИ ПРЕТСТАВНИК НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО БАРИ, ДО МИНИСТЕРОТ РЕЗИДЕНТ НА ЦЕНТРАЛЕН МЕДИТЕРАН - КАЗЕРТА3

Г-ин Брод И. 1.58 а.м. 18 август 1944.

Бр. 98 П. 4.20 п.м. 19 август 1944.

18 август 1944.

Повторено до Форин офис бр. 464.

ВАЖНО Штотуку ја примив следната порака, за Првиот министер, датирана од 16 август, од Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија.

[Почнува]. До неговата екселенција Винстон Черчил, Прв министер на Велика Британија.

Делегатите на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија ви ги испраќаат вам и преку вас на народите на Велика Британија нивните срдечни борбени поздрави. Во овие три години водејќи војна заедно со народите на Југославија против Хитлеровиот фашизам и неговите наемници на Балканот, македонскиот народ му ја покажа на целиот свет својата волја и способност да живее како слободна рамноправна нација во слободна демократска федеративна Југославија. Македонскиот народ уште повеќе од она што го направи досега ќе ги вложи сите свои сили за конечно ослободување на нивната заедничка татковина Југославија. Потпишано од Методија Андонов Ченто, претседател на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија и Митар Бакиќ, шеф на кабинетот на маршал Тито.