Бор садила мома Евгенија
Изглед
- Бор садила мома Евгенија,
- Бор садила, ем Бога молила.
- Бор садила мома Евгенија,
- Бор садила, ем бога молила.
- Дај ми Боже бор да ми порасне,
- Да се качам на борови вејки.
- Дај ми Боже бор да ми порасне,
- Да се качам на борови вејки.
- Да здогледам сред море гемија,
- Во гемија-окован делија.
- Да здогледам сред море гемија,
- Во гемија-окован делија.
- Раце му се синџир-заврзани,
- Нозе му се франги-оковани.
- Раце му се синџир-заврзани,
- Нозе му се бука-оптегнати.
- На рамо му се два сива сокола,
- Го прашува мома Евгенија.
- Го прашува мома Евгенија,
- Со што раниш два сива сокола.
- "Меса сечам, соколи си ранам,
- Солзи леам, вода ги напивам.
- Меса сечам, соколи си ранам,
- Солзи леам, вода ги напивам."
Надворешни врски
[уреди]Блог за македонски народни песни
Бор садила мома Евгенија, Бор садила, ем Бога молила. Бор садила мома Евгенија, Бор садила, ем бога молила.
Дај ми Боже бор да ми порасне, Да се качам на борови ветки. Дај ми Боже бор да ми порасне, Да се качам на борови вејки.
Да здогледам сред море гемија, Во гемија-окован делија. Да здогледам сред море гемија, Во гемија-окован делија.
Раце му се синџир-заврзани, Нозе му се франги-оковани. Раце му се синџир-заврзани, Нозе му се бука-оптегнати.
На рамо му се два сива сокола, Го прашува мома Евгенија. Го прашува мома Евгенија, Со што раниш два сива сокола.
"Меса сечам, соколи си ранам, Солзи леам, вода ги напивам. Меса сечам, соколи си ранам, Солзи леам, вода ги напивам."