Болен лежи катил Ѓорѓи
Изглед
- Болен лежи катил Ѓорѓи,
- В Солунски зандани.
- Дење лежи катил Ѓорѓи,
- Ноќе го испитуваат.
- Кажи, кажи катил Ѓорѓи,
- Кај е твојта пушка?
- Кај е твојта пушка Ѓорѓи,
- Пушка-маликера.
- Главата си давам душман,
- Пушка не кажувам.
- Пушка не кажувам душман,
- Пушка-маликера.
- Откаде спечали Ѓорѓи,
- Тешкото имање?
- Бегови сум клало душман,
- Пари сум земало.