Билјана платно белеше

Од Wikibooks
Билјана платно белеше
на охридските извори.
Ми поминаа винари,
винари белограѓни.


"Винари белограѓани,
кротко терајте карванот,
да не ми платно згазите,
платното ми е даровно,
платното ми е даровно,
за свекор и за свекрва."


"Ако ти платно згазиме,
со вино ќе го платиме,
со вино ќе го платиме,
и бела лута ракија."


"Винари белограѓани,
не ви го сакам виното,
тук' ви го сакам лудото,
што напред тера карванот."