Ај да бегаме, мори Васе
Изглед
- АЈ ДА БЕГАМЕ, МОРИ ВАСЕ
- Ај да бегаме, мори Васе,
- Ај да бегаме,
- Ај да бегаме в града Солуна.
- Там ќе најдеме, мори Васе,
- Там ќе најдеме,
- Там ќе најдеме, мома Спасија,
- Мома Спасија, болна легнала.
- Ми повикала, мори Васе,
- Ми повикала,
- Ми повикала, до три доктора.
- Први и вели, мори Васе,
- Први и вели,
- Први и вели-не се лекува,
- Втори и вели-од мерак лежи.
- Трети и вели, мори Васе,
- Трети и вели,
- Трети и вели-јас ќе ја лекувам,
- Јас ќе ја лекувам и ќе ја земам