Прејди на содржината

Ајде што пијана шеташ Фиме

Од Wikibooks

Ајде што пијана шеташ Фиме е македонска народна песна.

Текст на песната

[уреди]
Ајде што пијана шеташ Фиме
Ајде што пијана шеташ Фиме
што пијана шеташ
ај што пијана шеташ Фиме мори
пијана без ракија.
Ајде тебе не прилега Фиме
тебе не прилега
ајде тебе не прилега Фиме мори
чаршија да одиш.
Ајде чаршија да шеташ Фиме
чаршија да шеташ
ајде чаршија да шеташ Фиме мори
боса на налани.
Ајде тебе ти прилега Фиме
на сарај да седиш
ајде на сарај да седиш Фиме мори
жолтици да нижиш.
Ајде жолтици да нижиш Фиме
жолтици да нижиш
ајде жолтици да нижиш Фиме мори
на грло да носиш.

Надворешни врски

[уреди]

Блог за македонски народни песни