Арапски јазик/Азбука и изговор
Арапската азбука содржи 28 букви и нивните варијации. Правописот во голема мера е фонетски, што значи зборовите се изговараат како што се напишани.
Арапскиот јазик се пишува и чита од десно кон лево.
Пишувањето е исклучиво ракописно. Затоа, од секоја една буква во зависност од нејзиното место во зборот постојат четири варијанти:
- изолирана - кога се пишува сама
- иницијална - на почетокот на зборот
- средна - кога се наоѓа во средина на зборот
- крајна - на крајот на зборот
Не се разликуваат големи и мали букви.
Азбука
[уреди]Поради сличностите во пишувањето арапските букви може да се групираат во неколку групи, со цел полесно изучување:
1
[уреди]
|
|
• Алиф е првата буква во арапската азбука.
• Се изговара како долго а.
• Се пишува како вертикална црта, при што долниот крај ја допира линијата на која се пишува.
• Оваа буква е несврзувачка, т.е не се поврзува со следните букви во зборот.
2
[уреди]
|
|
• Буквата ث се изговара како забно т.
• Следните три букви имаат форма на "бротче“, а се разликуваат по бројот и местоположбата на точките.
• Овие букви се сврзувачки.
3
[уреди]
|
|
• Наредните три букви се пишуваат како брановидна линија, на чиј крај се пишува буквата „С“, а потоа се додаваат точките каде што е потребно.
• Буквата ج се изговара како македонската џ, ح се изговара слично со звукот кој го испуштаме кога бришеме очила ххх, а буквата خ се изговара грлено.
• Овие букви се сврзувачки.
4
[уреди]
|
|
• Буквата د се изговара како македонската буква д, буквата ذ се изговара како забно д, а ر и ز се изговараат како р, односно з.
• Овие четири букви се несврзувачки, т.е кога се пишуваат никогаш не се поврзуваат со буквата што следи после нив.
5
[уреди]
|
|
• Се изговараат како македонските букви с и ш.
• Кога се пишуваат овие две букви наликуваат ракописната буква ш.
• Овие букви се сврзувачки.
6
[уреди]
|
|
• Овие букви се сврзувачки.
7
[уреди]
|
|
• Буквата ع се изговара слично на извикот кога каснуваме ааам, но запомнете дека не е самогласка и не се изговара како а. Буквата غ има глас сличен на гаргарење.
• Овие две букви наликуваат на големата ракописна буква Е.
• Овие букви се сврзувачки.
8
[уреди]
|
|
• Овие букви се сврзувачки.
9
[уреди]
|
|
• Се изговараат како македонските букви к, л, м, н.
• Овие букви се сврзувачки.
10
[уреди]
|
|
• Буквите ه и ي се сврзувачки, а буквата و е несврзувачка.
Без самогласки
[уреди]Во арапскиот јазик самогласките не се пишуваат. Сигурно ќе помислите дека тоа не може да функционира, меѓутоа пробајте да го прочитате ова:
Кнгт бш мнг нтрсн.
Сигурно прочитавте: Книгата беше многу интерсна. Говорниците чиј мајчин јазик е арапскиот немаат проблем со тоа, иако еден збор може да се прочита со различни самогласки. Контекстот го прави читањето јасно. Во некои учебници се обележуваат кратките самогласки, со цел полесно изучување на јазикот, но тоа не е секојдневна практика и на други места не се обележуваат.
Кратки самогласки
[уреди]Во арапскиот јазик постојат три самогласки кои се изговараат кратко, и тоа: фетха, кесра и дамма. Кога буквата нема самогласка, се пишува сукун.
Фетха | Кесра | Дамма | Сукун |
---|---|---|---|
|
|
|
|
Та марбута и Алиф максура
[уреди]ة | ﺔ |
Та марбута | |
а |
- Буквата та марбута се јавува само како последна буква кај зборови кои скоро секогаш се од женски род.
- Се изговара како а.
- Се пишува слично како ه, но се две точки над неа (ة).
- Има две форми: ﺔ - кога е поврзана со претходната буква и ة - кога пред неа се наоѓа несврзувачка буква.
ى | ـى |
Алиф максура | |
а |
- Буквата алиф максура се јавува само како последна буква во зборовите.
- Се изговара како а.
- Се пишува слично како ي, но без точки (ى).
- Има две форми: ـى - кога е поврзана со претходната буква и ى - кога пред неа се наоѓа несврзувачка буква.
Читање
[уреди]Кога почетник започнува да чита арапски, може да започне со идентификување на буквите во зборот.
- Буквата алиф најчесто е првата буква која може лесно да се забележи во зборот.
- Останатите несврзувачките букви исто така лесно може да се забележат, бидејќи нив не се поврзани со следната буква после нив.
- Потоа се идентификуваат следните букви, најпрво се помнат по некоја карактеристика додека не се научат.
Арапски | Изговор | Македонски |
---|---|---|
شكرا | Шукран | Благодарам |
جمل | Џамал | Камила |
كتاب | Китаб | Книга |
حمام | Хамам | Бања |
شهر | Шахр | Месец |
حلوى | Халуа | Десерт |
كلب | Калб | Куче |
ليمون | Лејмун | Лимон |
شمس | Шамс | Сонце |
مدرسة | Мадраса | Училиште |
Повторување на самогласките
[уреди]Во многу арапски зборови една иста самогласка често се повторува едноподруго. Во овој случај самогласката се пишува еднаш, а не два пати, а над неа се обележува знак наречен шадда или ташдид.
Арапски | Изговор | Македонски |
---|---|---|
رمَّان | Румман | Калинка |