Прејди на содржината

Антице џанам душице

Од Wikibooks

Антице џанам душице е македонска народна песна.

Текст на песната

[уреди]
Антице џанам душице
Антице џанам душице
а што пусти к'смет си немала
и на твојата убавина
и на твојата личотија.
Не жали Анте, не плачи
не рони солзи крвави.
Сестра ти мала се омажи
а ти поголема несвршена
ти момче стројник ми испрати
тебе ми те прво посака.
Не жали Анте не плачи
На душа ми те зедоја
мајка ти та и татко ти
ти момче стројник ми испрати
тебе ми те прво посака.
Не жали Анте не плачи
не расипуј си го лицето.
На стројникот што му рекоја
Антица ми је посвршена
Антица ми је посвршена
за Димитрија, Робета.
Ако ја сакаш малата
малата кира Василикија.

Надворешни врски

[уреди]

Блог за македонски народни песни