Антице жална душице

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Антице жална душице,
Ај што пусти к'смет си немала
И на твојата убавина,
И на твојата личотија.
Не жале Анте, не плачи,
Не рони солзи крвави,
Не жали Анте,не плачи,
Не расипуј си го лицето.
Сестра ти мала се омажи,
А ти поголема-несвршена.
Ти момче стројник ми испрати,
Тебе ми те прве посакаја.
На душа ми те зедоја,
Мајка ти али татко ти.
Не жали Анте,не плачи
Не рони солзи крвави,
Не жалли Анте, не плачи,
Не расипуј си го лицето.
На стројникот што му рекоја,
Антица ни е потсвршена,
Антица ни е потсвршена,
За Димитрија Робета.
Ако ја сакаш малата,
Малата кира-Василикија.
Не жали Анте,не плачи,
Не рони солзи крвави,
Не жали Анте,не плачи,
Не расипуј си го лицето.

Надворешна врска[уреди]

Музика