Прејди на содржината

Абер иде од Могила

Од Wikibooks
Абер ми иди од Могила,
низ поле Пелагониско,
право ми оди Битола -----
Битола кај валијата. 2х
Валијо бре Селим--ефенди 2х
Могила е полна комити ----
таму е Димче Могилче. 2х
налутил се Селим--ефенди, 2х
боднал си коња дорија
утре ќе оди Могила
собрал си аскер најсилен
низ прстен јајце да боде.
Ај од тука Димче Могилче
ај од тука куче каурско,
жената ќе ти ја украдам
далеку ќе ја однесам 2х
во сарај ќе ја потурчам.
Ај од тука Селим--ефенди
ај од тука куче касапско,
кожата ќе ти ја одерам
на плевна ќе ја обесам 2х
тапан ќе ја направам.

Надворешни врски

[уреди]

Музика Блог за македонски народни песни