Љубезен човек

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

5. ЉУБЕЗЕН ЧОВЕК


Љубезност е, ако го дефинираме поимот, дружење со луѓе кое е пријатно, без некоја сопствена корист, а љубезен човек е некој ваков човек:

Ако забележи некого, уште од далеку го поздравува, обраќајќи му се со “многу угледен господине” и станувајќи за да му ја покаже својата голема почит. Тогаш го фаќа за двете раце, и не го пушта да оди никаде некое време, па го испраќа, и го прашува кога повторно ќе го види, по што, пак, кажува пријатно и учтиво му се заблагодарува.

Кога ќе го повикаат да пресуди нешто, не се обидува да му угоди само на оној кој го застапува, туку и на спротивникот, само за да се покаже како непристрастен.

И за странците, би кажал, дека пресудуваат подобро од неговите сонародници.

Кога е на ручек кај некого, го замолува домаќинот да ги повика своите деца. Кога тие ќе дојдат, веднаш изјавува дека многу личат на татко им. Тогаш ги повлекува кон себе, ги бакнува, и се заигрува со нив, им зборува, им дозволува да заспијат до него, иако не му се допаѓа тоа.

Косата ја подстрижува многу често, забите му се како бисери, облеката ја менува додека е чиста и се мачка со мирисливи масти.

На плоштадот најчесто приоѓа кон масите на менувачите, во школите за борење се задржува таму кај што вежбаат најдобрите, а во театар кога се прикажуваат драми седи веднаш до војсководците.

За себе не купува ништо, а на своите пријатели им праќа подароци во Византијам спартански кучиња во Кизик, химетски мед на Род и секако на сите им кажува за тоа.

Секако има и мајмун, ќе набави и егзотична птица и силициски гулаби, коцки од коска од газела свиткани спартански стапови и завеси со ткаени персијски ликови.

Освен тоа има уредено и мало борилиште , со песок кое го нуди таму-ваму обиколувајќи ги филозофите, софистите, мечувалците и музичарите за нивни јавни настапи. Последен доаѓа на собир, за да гледачите речат: Ете , тоа е господарот!