Јовано, Јованке

Од Wikibooks
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јовано, Јованке,
Крај Вардарот седиш мори,
Бело платно белиш,
Бело платно белиш душо,
Сè на горе гледаш.
Јовано, Јованке,
Јас тебе те чекам мори,
Дома да ми дојдеш,
А ти не доаѓаш, душо,
Срце мое, Јовано.
Јовано, Јованке,
Твојата мајка мори,
Тебе не те пушта,
Кај мене да дојдеш, душо,
Срце мое, Јовано.

Надворешна врска[уреди]

Музика