Ја излези стара мајко
Изглед
- Ја, излези стара мајко,
- На пенџерето,
- Па да видиш кој помина-
- Умрев за него.
- Ми помина Осман-бегот,
- Мила мајчице,
- Ми помина Осман-бегот-
- Умрев за него.
- Кај што оди-ветер вее,
- Мила мајчице,
- Кај што стои-сонце грее-
- Умрев за него.
- Ќе се турчам,ќе се грчам,
- Мила мајчице,
- Ќе се турчам, ќе се грчам-
- Умрев за него.
- Ќе го земам Осман-бегот-
- Умрев за него.
- Ќе ме носи во Охрида,
- Мила мајчице,
- Ќе ме носи во Охрида-
- Умрев за него.
- Ќе ме шета со кајчето
- По езерото.