Прејди на содржината

Јас те пратив на вода Калино

Од Wikibooks
Јас те пратив на вода Калино.
Ти на вода одиш,
Бело лице миеш,
По ергени гледаш, мори Калино.
Пусто да остане мамо, лицето.
Кога нема него,
Либе да го љуби,
Тебе не те слушам, мори мајко, ле.
Јас те пратив на нива Калино.
Ти на нива одиш,
Руси коси чешлаш,
По ергени гледаш, мори Калино.
Пуста да остане мамо, косата.
Кога нема неа,
Либе да ја мрси,
Тебе не те слушам, мори мајко, ле.
Јас те пратив на лозје Калино.
Ти на лозје одиш,
Бело грозје бериш,
На ергени даваш, мори Калино.
Пусто да остане мамо, грозјето.
Кога нема либе,
Со мене да бере,
Тебе не те слушам, мори мајко, ле.:

Надворешна врска

[уреди]

Музика