Прејди на содржината

Јас сум мома Охриѓанка

Од Wikibooks
Јас сум мома Охриѓанка
измамена од љубов, 2х
а сега сегде скитам 3х
достојна за љубов.
А пред петнајсет години
бев млада како цвет, 2х
а сега сегде скитам 3х
достојна за љубов.
Кој и да наминува
мене не ми е срам, 2х
ќе одам да го барам 3х
измамникот мој.
А вие мој другарки
немој да ми се смејте, 2х
з'ш вие уште не знајте
што значи љубовта. 2х

Надворешна врска

[уреди]

Во изведба на Ансамбл Билјана