Прејди на содржината

Јано мори, Јано леле, севдалино

Од Wikibooks
Јано мори, Јано леле, севдалино,
Моја росна, Јано мори, детелино,
Ај, моја росна, Јано мори, детелино.


Поминуваш, Јано мори, заминуваш,
Камен, дрво, Јано мори, изгоруваш,
Ај, камен, дрво, Јано мори, изгоруваш.


Те прашает, Јано мори, Мајсторине,
Што им готвиш, Јано мори, за вечера,
Ај, што им готвиш, Јано мори, за вечера.


Кад баница бегу море ил' кокошка,
Ова вечер, бегу море, рудо јагне,
Ај, од две мајки, бегу море, задоено.

Надворешна врска

[уреди]

Музика