Туѓината пуста да остане

Од Wikibooks
Туѓината пуста да остане,
Таа од либето ме раздели.
Таа од либето ме раздели,
Што го љубев време три години.
Сите печалбари си дојдоа
Само мојто либе не се врати.
Ќе ве прашам млади печалбари
Дали го видовте мојто либе.
Дали го видовте мојто либе
Од печалба дома да си иде?
Дење ноќе на порти го чекам
Везден плачам и на него мислам.
На трета година писмо прати
И ми пише нема да се врати.
Не се враќа друга си заљубил
И за пеа тој си се оженил.

Надворешни врски[уреди]

Музика Блог за македонски народни песни