Тинка иди од Битола
Изглед
- Тинка иди од Битола
- Јонче иди од работа
- Море бре, море Јонче
- Леле бре, леле Тинке
- Јонче иди од работа.
- Рефрен:
- Ајде Тинке елај ти либе ле
- Да те земам за невеста.
- Се сретиле меѓу Ресен
- Меѓу Ресен и Јанковец
- Море бре, море Јонче
- Леле бре, леле Тинке
- Меѓу Ресен и Јанковец.
- Рефрен:
- Тинка му вели на Јончета
- Запри го Јонче твојто коњче
- Море бре, море Јонче
- Леле бре, леле Тинке
- Запри го Јонче твојто коњче.
- Рефрен:
- Ајде Тинке ајде душо
- Со едната рака, ќе го терам -2
- Со другата ќе те гушкам.
- Море бре, море Јонче
- Леле бре, леле Тинке
- Со другата ќе те гушкам.
- Рефрен:
- Ајде Тинке, елај ти либе ле
- Да те земам за невеста
- Сакам, Јонче, сакам бре
- Либе ле,
- Да ти бидам јас невеста.