Тешка беше нашата разделба

Од Wikibooks
Збогум мила дојде време
Јас од тебе да се разделам
Јас пак беден роден сум без к'смет
Се со мака тага голема.
Тешка беше нашата разделба
Кога тргнав од твојот роден крај
Мојте солзи патот го топеја
По патот за непознат крај.
Дојдов тука како јабанџија
Далеку од својот роден крај
Срце плаче нигде среќа нема
Тежок гурбет тага голема.
Ако бог да и ја са да се вратам
Тебе Стојне да те прегрнам
Да ти кажам мојте маки
Мојте маки таги големи.

Надворешни врски[уреди]

Музика Блог за македонски народни песни