Латински-Лекција 8

Од Wikibooks

Скокни на: навигација, барај

Латински јазик

<< Лекција 7 | Лекција 9 >>


Содржина

[уреди] Граматички вовед во глаголите

Глаголите се елементи на реченицата што означуваат дејство. Во латинскиот јазик постојат две главни форми на глаголи::

• Начелни (обични) глаголи (глаголите кои се наоѓаат во секоја реченица) • Придавни глаголи (исто така познати како ,,партиципи", ,,герунди" и ,,герундиви" - ја опишуваат состојбата на глаголот).

Секоја реченица мора да има глагол. на некој начин, начелнииот глагол е реченицата, а сите други именки, прилози и герунди само го опишуваат сценариото на глаголот. Така кај латинскиот јазик реченицата се состои од:

est.

Ако сакате да објасните ,,кој" е или постои, додавате номинативна именка:

Cornеlius est.

Сега знаеме дека Cornelius ,,е". Но што е/каков е? Затоа додаваме придавка.

Cornеlius est bonus.

За понатамошна елаборација можеме да додадеме прилог:

Cornelius vix est bonus.

[уреди] Примери

Овие два примера ја покажуваат разликата помеѓу придавниот и начелниот глагол.

Воскреснатиот Исус им се појави на неговите следбеници.
,,воскреснат(иот)" е свршен партиципл (Придавен) кој го опишува Исус, додека ,,се појави" е начелниот глагол во реченицата.
Вчудоневидените следбеници го гледаат Исус.
,,вчудоневидени(те)" е свршен партиципл (Придавен) кој ги опишува следбениците, додека ,,гледаат" е начелниот глагол во оваа реченица.

[уреди] Вежби

  1. Која е раликата помеѓу начелниот и придавниот глагол?
  2. Што сочинува една реченица?
  3. Напишете една реченица на македонски,па потоа на латински.
  4. Коњугирајте го глаголот ,,да се биде" во минато и сегашно време на македонски и на латински (Јас сум, Ти си, Тој е итн.)

[уреди] Лични наставки

Глаголите во латинскиот јазик се менуваат за да го назначат лицето кое го врши дејствието.

Латински Македонски
sum Јас сум
es Ти си
est (Тој) е
sumus Ние сме
estis Вие сте
sunt Тие се

[уреди] Вежба

  1. Што означуваат личните заменки?

[уреди] Глаголски начини

Постојат неколку глаголски начини. Секој има своја употреба. Најчести од нив се:

• Исказен • Погодбен или коњунктивен (сврзнички) • Наредбен

Во оваа лекција се зборува за наредбениот (наредби и порачки) и исказниот (декларативни искази и фактички прашања).

[уреди] Вежби

  1. Кои се трите глаголски начини?
  2. За кои два глаголски начина се зборува во оваа лекција и за што служат?

[уреди] Глаголски видови

Кога станува збор за глаголските видови, постојат два состава на реченици: глаголите можат да бидат во актив или пасив.

Exampli Gratia ,,Јас готвам ручек." ,,готвам" е активен глаголски вид.

Пасивот се јавува кога глаголот дејствува врз номинативот.

E.g. ,,Ручекот е готвен од мене." ,,е готвен" е пасивен глаголски вид.

[уреди] Вежби

  1. Што е ,,глаголски вид".
  2. Што е активен глагоски вид?
  3. Што е пасивен глаголски вид?
  4. Составете по една реченица на македонски користејќи го секој глаголски вид.

[уреди] Глаголско време

Глаголското време во латинскиот јазик се состои од два дела: ВРЕМЕ и АСПЕКТ. Времето искажува кога дејствието се случува, се случило или треба да се случи: во минатото, сегашноста или иднината. Аспектот ја искажува природата на дејствието: просто, повторливо, или неповторливо.

Во теорија, глаголот може да има девет граматички времиња (комбинации од време и аспект). Меѓутоа, во латинскиот јазик постојат само шест.

Еве еден груб водич за времињата во латинскиот јазик.

Време
А
С
П
E
К
T
Сегашно Идно Минато
Просто Сегашно
,,одам"
Идно
,,ќе одам"
Свршено
,,отидов"
Повторливо Сегашно
,,одам"
Идно
,,ќе одам"
Несвршено
,,одев"
Неповторливо Свршено
,,имам отидено"
Идно свршено
,,ќе имав отидено"
Одамна минато
,,имав одено"

[уреди] Вежби

  1. Препишете ја табелава погоре.
  2. Научете ја.
  3. Преглед: Потполнете ја таблицава со деклинации на именките.
Еднина
Номинатив puella servus rеx cornu res
Вокатив
Акузатив
Генитив
Датив
Аблатив
Множина
Номинатив puellae servi reges cornua res
Вокатив
Акузатив
Генитив
Датив
Аблатив
  1. Препишете ја таблицата со деклинации на заменки од Лекција 7.
  2. Запомнете ги сите таблици.

[уреди] Инфинитив

Инфинитивот е (неперсонална) форма на глаголот која едноставно значи ,,да (глагол)". На пр. ,,да се прави, or ,,да се биде', or ,,да се сака, or ,,да се мрази" etc. Сите форми што не се во инфинитив се во финитивна (персонална) форма.

Во инфинитивна форма, глаголите имаат наставка -re додадена на основата на зборот. Инфинитивот од ,,да се биде" е исклучок - ,,esse".

Debeo currere nunc = Треба да трчам сега.

esse, aut nоn esse = Да се биде, или (да) не (се биде)? (од Шекспир)

[уреди] Вежби

  1. Што е инфинитив? Дајте пример.
  2. Што е финитив? Дајте пример.

[уреди] Неправилности

Глаголите кои користат пасив во смисла на актив се нарекуваат депоненти. Глаголите кои немаат форма за секое време или глаголски начин се нарекуваат дефектни глаголи. Наскоро ќе сретнете неколку вакви збора.

  1. Што се дефективни глаголи?
  2. Што се неправилни глаголи?
  3. Што се дефектни глаголи?

[уреди] Личнни заменки

Во случај кога користите лични заменки (доколку воопшто користите), тие се употребуваат за нагласување на ПОДМЕТОТ на глаголот, и треба да се запомни дека тие мораат да бидат во номинатив и мора да му соодветствуваат на подметот по лице и број. (Прегледајте ја Лекција 7 доколку не знаете што се лице и подмет).

[уреди] Вежби

  1. Во кој падеж треба да биде подметот (вршителот) на глаголот (дејствието)?
  2. Во кој број треба да биде начелниот глагол?
  3. Во кое лице и број е ,,ego"?
  4. Во кое лице и број е ,,јас"?
  5. Во кое лице и број е ,,ние"?
  6. Во кое лице и број е ,,ти"?
  7. Во кое лице и број е ,,вие"?
  8. Во кое лице и број е ,,vos"?
  9. Во кое лице и број е ,,nоs"?
  10. Во кое лице и број е ,,tu"?
  11. Во кое лице и број е ,,момче"?

[уреди] Начелни делови

Доколку погледнеме некој глагол во речник, даден е начелниот дел. Од овие начелни делови можете да ја пронајдете точната форма на глаголот во секоја прилика.

Минато несвршено, 1-во лице Несвршен инфинитив Сегашно свршено, 1-во лице Индолент
amo amare amavi amatum
Одредува дали самогласката се испушта во 1-во лице еднина, сегашно несвршено. Ја дава несвршената основа и инфинитивот Ја дава свршената основа За правење на придавни форми од глагол (Партиципи)

[уреди] Вежби

  1. Што се прави со начелните делови?

[уреди] Употребување на речник

Сите именки се дадени во номинатив, како и деклинацијата и родот на именката. Глаголите стојат со 1-во лице, еднина (прв начелен дел), а даден е и инфинитивот. Додатни начелни делови се дадени доколку разните други начелни делови не ја следат стандардната шема од инфинитив и 1-во лице еднина.

[уреди] Глаголи: Коњугација и сегачно несвршено време

Сегашното несвршено време е наједноставното време. За правење на сегашно несвршено, само ставете лична наставка на крајот на основата од глаголот.

Така, ако имате основа ,,ama" (љубов), за да биде ,,љубам", ставате о на крајот.

љубам  =  amo (amao*)
љубиме =  amamus
  • ,,a"-то се губи кога amao прави amo.

Во латинскиот јазик би можело да се додадат лични замнеки, но се додаваат само за нагласување и тоа заедно со соодветната наставка за лице кај глаголот. Инаку реченицата не би имала смисла. ова е и случај во македонскиот јазик каде немораме да кажеме ,,Јас сакам" бидејќи наставката -ам веќе ја спроведува смислата за лице.

Како во македонскиот, така и во латинскиот јазик личната заменка (јас, ти итн.) се употребуваат само за нагласок на лицето кое го врши дејствието (на пр. ,,Jас сакам" (а не ти). Во секој друг случај наставката ја врши работата за означување на лицето-вршител.

Еве ги формите на глаголот ,,porta", носи, во сегашно несвршено време:

porto     носам                       прво лице, еднина
portas    ти носиш                    второ лице, еднина
portat    тој, таа, тоа носи          трето лице, еднина 
portamus  ние носиме                  прво лице, множина
portatis  вие носите                  второ лице, множина
portant   тие носат                   трето лице, множина

Постојат три други коњугации, и подолу има примери на некои глаголи за секоја од четирите коњугации (сегашно несвршено време):

porta, носи (1-ва коњ.) mone, предупреди (2nd коњ.) rege, владее (3rd коњ.) audi, слуша (4th коњ.)
porto, носам moneo, предупредувам rego, владеам audio, слушам
portas, носиш monas, предупредуваш regis, владееш audis, слушаш
portat, тој/таа/тоа носи monet, тој/таа/тоа предупредува regit, тој/таа/тоа владее audit, тој/таа/тоа слуша
portamus, носиме monemus, предупредуваме regimus, владееме audimus, слушаме
portatis, носите monetis, предупредувате regitis, владеете auditis, слушате
portant, носат monent, предупредуваат regunt, владеат audiunt, слушаат

Пред последните букви, 1-вата кожугација има ,,a" (иако кога ќе се стави ,,o", ,,a"-то често се испушта), 2-рата има ,,e", а 3-тата и 4-тата обично имаат ,,i". Формите од 3-то лице множина во 3-та и 4-та коњугација имаат ,,u". Овие форми треба да се научат на памет.

Најчест глагол е неправилниот (видете во следната лекција). Еве таблица на еден глагол на македонски, латински и два романски јазика.

esto: биде
Латински Македонски Француски Шпански
sum сум je suis yo soy
es ти си tu es tú eres
est тој/таа/тоа е il/elle est él/ella es
sumus ние сме nous sommes nosotros/-as somos
estis вие сте vous êtes vosotros/-as sois
sunt тие се ils/elles sont ellos/-as son

Личните наставки се исти како и во сите правилни коњугации.

[уреди] Вежби

Која форма на зборот ,,amo" (помош: amo се коњугира како porto во таблицата погоре) би ја користеле следнице зборови за да станат наставки:

  1. ego
  2. tu
  3. puer
  4. nos
  5. vos
  6. ego
  7. puella

[уреди] Наредбен начин

Наредбениот начин, како што кажува самото име означува наредба (на пр. Оди!, Трчај!, Тргни се!). Наредбениот начин се прави со употреба на основата на зборот. Доколку наредбата важи за група луѓе, или доколку персирате, употребете ја наставката -te. (исто како во македонски)

amo eum = Го сакам.


ama eum = Сакај го!.

amate eum = Сакајте го! (персирање или множина)

curro casam = Трчам дома.

curra casam = Трчај дома!

currate casam = Трчајте дома! (персирање или множина)!

Rego prudente = Владеам мудро.

Regi prudente = Владеј мудро!

Regite prudente = Владејте мудро! (персирање или множина)

[уреди] Вежби

Преведете ги следниве глаголи:

  1. portamus, regunt, mones, estis, auditis, monent, rego, portas, sunt.

Преведете ги следниве заменки: 2. Ille, Is, ea, id, Illum (с.), illa (ж.), ego, tu, nos, vos, tibi, mihi, nostrum.

3. Истражете ја сличноста помеѓу шпанските, француските и италијанските коњугации и латинските коњугации. 200 збора.

Преведете на латински:

  1. Ја носам мојата книга.
  2. Не убивајте.
  3. Слушаат музика..*


<< Лекција 7 | Лекција 9 >>

Лични алатки