Крушево абер пристигна

Од Wikibooks
Крушево абер пристигна
кој има синој големи
комити да ги испрати ---
во тоа славно Смилево. х2
Стојан си немал синои х2
само си ја имал Тодорка
Тодорка една на мајка х2
Тодорка една на татко.
Тодорка на татко велеше
купи ми пушка берданка
и една сабја пренгија
јас комита татко ќе одам. х2
во тоа славно Смилево.
А што беше лична Тодорка
нарами пушка на рамо
запаша сабја пренгија
три години години шетала
никој Тодорка не познал
дека е Тодорка девојка.

Надворешни врски[уреди]

Блог за македонски народни песни

Во изведба на Васка Илиева