Зајди, зајди јасно сонце

Од Wikibooks
Зајди, зајди јасно сонце,
Зајди помрачи се,
И ти јаснале, месечино,
Бегај удави се.
 
Црнеј горо, црнеј сестро,
Двајца да црнејме,
Ти за твојте лисја ле, горо,
Јас за мојта младост.
 
Твојте лисја,горо сестро,
Пак ќе ти се вратат,
Мојта младост горо ле, сестро,
Нема да се врати.

Надворешна врска[уреди]

Музика