Ерген одев мамо

Од Wikibooks
Ерген одев мамо, ерген одев,
Ерген одев мамо, поарно ми беше.
Се оженив мамо, се оженив,
Се оженив мамо, злото ме нападна.
Падна ми се мамо, падна ми се,
Падна ми се мамо, либе болничаво.
Са ноќ ми е мамо, са ноќ ми е,
Са ноќ ми е мамо, на рака лежало.
Дури ми се мамо, дури ми се,
Дури ми се мамо, рака исушила.
Па не можев мамо, па не можев,
Па не можев мамо, на коњ да се качам.
Ме качија мамо, ме качија,
Ме качија мамо, моите другари.

Надворешна врска[уреди]

Музика