Електромагнет
Електромагнет, изработка и начин на работа
Електромагнет е едноставна направа која се состои од намотани електрични проводни жици околу феромагнетно јадро.Обично се користи како дел од релеи, електромотор и други направи. • НАЧИН НА РАБОТА Кога краевите се намотат жицата е поврзана со изворот на струја, како што е батеријата,и доаѓа до проток на струјата низ серпентината.Овај проток создава магнетно поле и електромагнетот добива северни и јужни магнетни пол.Силата на магнетното поле предизвикува ориентација на магнетните домени во јадрото во насока на силата. Истото се случува и со околните феромагнетни објекти, а тие се насочуваат кон јадрото на електромагнетот ако се во близина. Привлечен ефект доаѓа од тоа што створеното магнетно поле создава спротивна ориентација на магнетните полови кај околните објекти, и со тоа се создава привлекување измеѓу магнетните полови на јадрото и надворешните објекти.Ако во серпентината на електромагнетот се промени правецот на струја, ке се промени и местото на магнетните полови на електромагнетот.Тоа истовремено ке доведе до промена на ориентацијата на половите во околните феромагнетни објекти, па и понатаму ке продолжи да биде привлечно јадрото на електромагнетот.Но обичните магнети со постојани полови сега ќе бидат отфрлени, ако претходно беа привлечни за јадрото , затоа што неговата ориентација на половите неможе да го промени надворешното магнетно поле. • ОБЛИК Обликот на електромагнетот зависи од употребата и може да биде цилиндричен, во облик на потковица и во др. облици. • Употреба Обично се користат како дел на посложени уреди, како што се релеи , соленоид или електромотор. Мегутоа нивната употреба може да биде и директна , да речиме за привлекување на железо и челик на отпад за транспорт, или на главата на читачот и печатарот кај уреди со магнетни ленти или дискови.Во поголеми случаеви се користи својството на електромагнетот да привлекува феромагнетни материјали како што се железо и челик а после оваа акција да врши некоја друга. На пример кај релеи сидрото ги активира електричните контакти, кај некој соленоиди кај активниот дел го отвора и затвора вентилот, а кај електромоторот се користи како пол на статорот кој го привлекува или одбива роторот. Друго важно подрачје каде се користи магнетното поле кое го произведува електромагнетот се во читачките глави кај касетофони, магнетофони и цврсти ( хард ) дискови.Кај хард дисковите е пуштен пулс на струја низ мал екетромагнет на главата за читање.Овој пулс создава магнетно поле кое магнетизира мала точка на дискот.Пулсот на струја на првиот поларититет создава точка на една ориентација на магнетниот домен ( бинарна единица ).Пулсот на струја на вториот поларититет служи за запис на бинарните нули. Главата за читање е исто така мал електромагнет.Овде магнетизирани точки снимани на дискот предизвикуваат индукција ( создавање ) на напонот по краевите од серпентината на електромагнетот.Поларитетот на создадениот напон индицира бинарна единица или нула.Исто така имаат голема примена во изработка на прекинувачи – електромагнетни прекинувачи како што се релеи и контактори.