Прејди на содржината

Царската ќерка и екимо

Од Wikibooks
(Пренасочено од Makedonski prizkazni)
Царската ќерка и екимо

„Лоша мисла цела болес“ - македонска народна приказна напишана на прилепски дијалект од средината на XIX век.


Eдна царска ќерка боледуала од некоа мисла што имала. Сите царски екими ја ватиле да ја лекуаат и никој лек не беше нашол. Од ден на ден сe полошо се чинела и на лице гинела.

Чул еден стар еќим што бил забораен од светот поради староста што ја имал, никој не беше го викал.

- Ја чекај - рекол сам со себе - да појдам кај царската ќерка, да ја видам што болес имат и да ја оздравам.

Пошол и се преставил пред царската ќерка. Откога ја испрашал заради болеста од секаде што је и што ја боли, го нашол лекот.

- Мнозина еќими - му рекол старио еќим - те лекуале и билки ти давале и пак не те оздравеле, ќерко; јас без билки ќе те оздравам, да ме паметуаш и да велиш Бог да го прости старио еќим што ме оздраве без билка.

- Оф, бре дедо - му рекла нажалено царската ќерка - ако можиш да ме оздравеиш, јас ќе му речам на татка тебе да те клаит прв еќим на столнината и голем бакшиш ќе ти даам.

Откоа чул еќимо тие зборои, отишол при куменџијата и напраил еден позлатен прстен со муур озгора. На мууро беше пишал вака: „Се што било - поминало, и се што ќе биди - ќе поминит“. И го донесол еќимо прстено и је клал на прсто.

- Еве ти го леко, царска девојко - је рекол еќимот - секој саат и секој ден, кога ќе ти дојдит лошата мисла што ти го мачит срцето, ќе го пеиш муурот и ќе го поразмислиш тоа што ќе го пеиш. Така ако го пеиш и размислиш, до четириесет дни ќе оздравеиш, бездруго те уверуам и со глава моја ти се таксуам: ако не оздравеиш, да ми ја пресечите.

За вистина, царската ќерка беше оздравеала, побрго од четириесетте дни, од болеста што ја имала во мислата. Таа оздравела и еќимо на голема чес беа го клале.


Раскажал:Assd

Приказната е: Од Македонско потекло напишана на прилепски дијалект од цредината на XIX век.