„Ко челик сме ние“
Изглед
Марш на Трета македонска бригада
- Ко челик сме ние со Титови сили
- Стив Наумов стои пред нас като штит,
- Карпошова злоба тече во нашите жили,
- Бригадата наша ко чекан е свит.
- Низ планини стрми, низ бурите снежни
- Апостолски беше првиот на пат,
- Со Титова љубов на очите мрежни
- Не бодреше Темпо, наjмилиот брат.
- Беласица стара вечна ке си спомни
- За нашата тврдост след одлучен час,
- За хероjска борба, за подвизи горди
- Брегалница сведок ке ни пои.
- Над кочанско поле со фашиски орди
- се урнавме смело во нерамен бој,
- низ херојски борби и подвизи горди
- не жалевме живот за новиот строј!
- В крвавиот Дренак и Пелинце славно
- ќе треперат врагои ко исушен лист
- со здружени сили окови ќе пукнат
- ќе изгрее бргу ден светол и чист!
- Ко челик сме ние со Титови сили
- Стив Наумов стои пред нас като штит,
- Карпошова злоба тече во нашите жили,
- Бригадата наша ко чекан е свит.
- Текст: Ацо Шопов
- Композиција: Панче Пешев
- Ацо Шопов, Со наши раце, 1950
- Песната првпат објавена во Положај, весник на Втората македонска ударна бригада, април−мај, 1944.