Прејди на содржината

Предупредени лица кои контактирале со Методија Андонов Ченто

Од Wikibooks

ПРЕДУПРЕДЕНИ лица кои контактирале со Методија Андонов Ченто

1.Томе Клисаровски. Отворено му беше речено дека неговиот дуќан е седиште на непријатели, за што ќе бидеме принудени да го ставиме во црниот тефтер, бидејќи не сака да изнеси се за што разговарале со Ченто. На ова истиот почна да се правда, дека такви непријателски разговори никогаш не водел. При тоа со треперење молеше да не биде ставен во црн тефтер, дека не е непријател и дека пред никого не ја напаѓал денешната власт.

2.Орде Петров Соратиновски – свеќар од Прилеп. Од кога му беше уочено дека почесто контактирал со Ченто и дека во врска со тоа треба да изнеси се што има разговарано, истиот изјави дека со Ченто се видел два – три пати на дуќан, но дека при тоа нема разговарано абсолутно ништо. Од кога му беше скренато дека е неискрен во износењето на разговорите, изјави дека и малце нешто да има, одма би го кажал и нагласи дека уште еднаш нема да сака да го сретне на улица, а камо ли да застане со него и да прави муабет.

3.Ице Дворчанец. Му беше предочено дека се знае за Ченто и други непријтели дека имаат идено кај него на дуќан и водено разговори на непријателска линија и дека треба да изнесе се. Уште одма почна да се правда дека со политика не се занимавал. На прашањето дали Ченто иди кај Кочо – Шнајдерот, Ице се слизна и одговори дека идел и дека иде и сега, што значи да изјавата на Кочо од пред три месеци, дека Ченто не иди кај него, не е верна.

4.Киро Михајловски – Знако, земјоделец, седи карши Ченто, на истата улица. Уште одма му беше кажано дека е викан ради неговите блиски врски и контакти со Ченто, што треба да ги изложи пред нас. „Знако“ рече дека го смета Ченто за неарен човек, затоа што бил на висок положај и дозволил, како еден шарлатан, да се занесе и да лежи во затвор. При тоа „Знако“ без да му биде речено изјави сам дека занапред има да води стално контрола кои се луѓе го посетуваат, али и тоа дека не сака никој да го знае, сем оној кој ќе го известува, што од наша страна беше прифатено.


16 Март 1956