Прејди на содржината

Основи на бугарскиот литературен јазик

Од Wikibooks

Мотивација и цел

[уреди]

Оваа книга постои за да и само за да го направи полесно разбирањето на бугарскиот литературен јазик за Македонците. Истовремено се пишува и паралелен водич за македонскиот литературен јазик за Бугарите. Македонија можеби навистина е помала од Бугарија, и се плаши од неа; но секое движење мора да почне некаде, а Бугарите и Македонците се, барем во погледот на јазикот, блиски еден до друг. Нека овој водич биде за нив нов почеток.

А секако запомнете дека книгата нема уста.

Метод

[уреди]

Бугарската литература е вo изобилие на интернетот. Затоа книгава доаѓа во вистинско време. Читањето е првиот чекор до владеење на јазикот.

На крајот на некои од лекциите ќе се наоѓа блок вежби.

Бугарска азбука

[уреди]

Бугарската азбука е многу слична на руската, и се разликува од македонската. Уникатни нејзини букви се:

- й - ј, но, види подолу
- щ - шт
- ъ - полуглас. За да го кажете, изговорете ги зборовите со самогласно р, како што се "српски", "брзо", и тн. Гласот се слуша меѓу рот и предната согласка. Понекогаш сепак (во одредени позиции) полугласник се обележува со a или я.
- ю, я - таканаречени "јотовани" самогласки. Јотованата самогласка ја читаме како ју односно ја кога стојат на почетокот на збор или следат после самогласка. Кога пак следуват по согласка, мораме да ги читаме како а, у, но со омекнување на предната согласка (види долу). Во бугарскиот никогаш не ќе видиме йу или йа, туку ю односно я. За я мораме да речеме дека буквава може да го обележува и гласот ъ, исто како а.
- ь - оваа буква се одвојува, затоа што никогаш не стои сама, без o (таа е позајмица од руски, иако во рускиот во таков облик не се користи). Комбинацијата "ьо" се чита како o со омекнување на предната согласка. Не може никогаш да стои после самогласка или на почетокот на зборот.

Македонските букви што ги нема во бугарскиот се:
- љ - љу, ља се пишуваат лю, ля; другите варијанти ги нема.
- њ - ню, ня за њу, ња
- ќ, ѓ - нема, но ги има на нив кореспондентните звуци щ и жд, кои скоро ексклузивно се користат на нивно место.
- џ - се бележи со две букви дж (джоб)

Изговор на бугарскиот јазик

[уреди]

Литературниот бугарски јазик не познава редукција. Тоа значи дека секој глас звучи готово чисто, така како што се пишува на хартија. (Тоа за жал, не важи за сите оние кои го говорат јазикот, особено подалеку на исток; литературниот јазик и неговото строго почитување на чистота на говорот е еден од придонесите на македонските дијалекти во бугарскиот јазик.)

Долу ги набројуваме најважните црти на бугарската фонетика.

Акцент

[уреди]

Бугарскиот акцент мора да биде проучуван од секој што го учи јазикот, затоа што тој е слободен и може да стои на секој слог во зборот. Во бугарскиот, за разлика од српскохрватскиот и слично на македонскиот, акцентот е силен, а не тонален, т.е. нема варијација во интонацијата кога се говори.

Асимилација

[уреди]

Асимилацијата е важна особина на бугарскиот јазик. Повеќето зборови во бугарскиот се изговараат исто како ним сличните зборови во македонскиот; но тие зборови се пишуваат со бугарски правопис во историската форма. Тоа ќе значи дека немите согласници во бугарскиот можат да се пишуваат со звучна буква. Ова треба да го запомните кога го читате бугарскиот текст.

Меки согласки

[уреди]

Повеќе бугарски согласки имат меки варијанти. Меките согласки се изговараат со удел на горниот дел на устата (palate), па најблискиот изговор, кој во тој предел на устата ги дава меките варијанти, е согласката, а потоа "ј". Така "място" ќе гласи "мјасто" (превод: место), а "люлея" - "љулеја". Освен л, н, к, г, х, и споменатото м, во бугарскиот можат да бидат меки уште: б (бях - се изговара бјах, превод: бев), в (вярвам - вјарвам, верувам), д (дядо - дјадо, дедо), з (мразя - мразја, мразам ), п (хапя - хапја ), р (рядък - рјад'к, редок), с (сянка - сјанка, сенка), т (тя - тја, таа), ц (цял - цјал, цел). Щях, разговорно "сакав", се чита "штјах" со меко т. За ж и ш ќе забележиме дека тие се помеки одошто во македонскиот, па ж во живот звучи како француското j во Jaques.

Вежба 1

[уреди]

Изговорете дел од оваа бугарска песна од поетот Христо Ботев. Потоа препишите ја на македонскиот правопис (сочувувајќи го јазикот).

МОЯТА МОЛИТВА

О, мой бо̀же, пра̀вий боже!
Не тѝ, що̀ си в небеса̀та,
а ти, що си в мене, боже -
мен в сърцѐто и в душа̀та...

Не ти, кому̀то* се кла̀нят
калу̀гери и по̀пове
и кому̀то свѐщи* па̀лят
правосла̀вните ско̀тове;

комуто - кому што
свещи - свеќи

не ти, ко̀йто си напра̀вил*
от̀ кал мъ̀жът и жена̀та,
а човѐкът си оста̀вил
роб да бъ̀де на земя̀та;

ко̀йто - којшто

не ти, който си пома̀зал*
царѐ, па̀пи, патриа̀рси,
а в нево̀ля си заря̀зал*
мо̀йте бра̀тя сирома̀си;

пома̀зал -
зарязал - овде "злонамерно игнорирал"

не ти, който учиш ро̀бът
да търпѝ* и да се мо̀ли
и хра̀ниш го дор* до гро̀бът
са̀мо със* надѐжди го̀ли;

дор, поетично от дори - дури със - со

не ти, боже на лъжцѝте*,
на безчѐстните* тира̀ни,
не ти, ѝдол на глупцѝте,
на човѐшките душма̀ни!

лъжците, от лъжец, онај што лаже

А ти, бо̀же, на ра̀зумът,
защѝтниче на ро̀бите,
на кого̀то щат празну̀ват
дѐнят* ско̀ро народѝте!

на когото щат празнуват денят - чиј ден ќе празнуваат - конструкција со стариот инфинитив

Одговор

Cпоредбена фонетика

[уреди]

Во овој дел ќе ви ги претставиме основите на фонетските паралели меѓу двата јазици, бугарскиот и македонскиот. Иако ги има многу, тие лесно се учат.

щ и жд

[уреди]

На македонските ќ и ѓ им одговарат бугарските щ и жд,
между̀ - меѓу
свещ - свеќа
нощ - ноќ
освен во прилогот (позајмен од македонскиот), каде македонското ќ се зачувува и претвора во к:
мѝслейки - мислејќи
на макдонски е акцент

Бугарскиот полугласник има два соодветни гласови во македонскиот, во врска со потеклото на гласот. Бројни зборови, во кои го имало стариот носовен самогласник, се изговарат во бугарскиот со ъ а во македонскиот со а:
път - пат
ръка̀ - рака
зъб - заб

Но, во други зборови, во кои полугласот го има уште со општословенските времиња, на ъ одговара о, како во рускиот:
доста̀тъчно - доволно
сълза̀ - солза
слъ̀нце - сонце
Забележете дека старото самогласно л често стои во бугарскиот збор додека во македонскиот збор не се пишува, ниту пак се изговара. Бугарскиот литературен јазик бара полн изговор на ова л. Исто, не е лесно да се разместат л и ъ во бугарскиот збор, зашто дури при промената на зборови тие можат да си го сменат местата).

Некои македонски зборови со самогласно р (главно оние со српско потекло) во бугарски се пишуваат со полугласник:
съ̀рбин - Србин
гръ̀цко - грчко
(Нивното разметување пак е тешко).

Старото словенско х се слуша во многу зборови во македонските кореспонденти на кои одамна го нема. Најчесто, на местото од овој глас во македонскиот стои „в„ или пак воопшто го нема.