Македонија во билатералните и мултилатералните договори на балканските држави 1861-1913, документ бр.67

Од Wikibooks

БУКУРЕШКИ ДОГОВОР ЗА МИР, 28 јули/10 август 1913 ГОДИНА1


Нивните Величества: Кралот на Романија, Кралот на Грците, Кралот на Црна Гора и Кралот на Србија од една и Неговото Величество Кралот на Бугарите од друга страна, со желба да стават крај на сегашната воена состојба во која што се најдуваат нивните земји и подготвени, во стремежот за ред, да воспостават мир меѓу своите народи, толку многу напатени, одлучиле да склучат дефинитивен мир.

Нивните Височества за таа цел наименувале свои помошници и тоа:

Неговата Екселенција кралот на Романија:

Господинот Тито Мајореску, својот претседател на Министерскиот совет и министер за надворешни работи, Неговата Екселенција господинот Александар Маргиломан, својот министер за финансии, Неговата Екселенција господинот Таке Јонеску, својот министер за внатрешни работи, Неговата Екселенција господинот Константин Дисеску, својот министер за просвета и црковни работи, дивизискиот генерал аѓутант К.Коанда - главен инспектор на артилеријата и полковникот К. Кристеску - заменик шеф на Генерлштабот. :

Неговото Височество Кралот на Елините:

Неговата Екселенција господинот Елефтерос Венизелос, својот претседател на Министерскиот совет и воен министер, Неговата Екселенција Димитри Панас, својотополномоштен министер; господинот Николас Политис, професор по Меѓународно право на Парискиот универзитет; капетанот Ат. Егзадактилос и капетанот К. Пали.

Неговото Височество Кралот на Црна Гора: Неговата Екселенција генералот сердар Јанко Вукотиќ, својот прет-седател на Министерскиот совет и воен министер и господинот Јован Матановиќ, поранешен вршител на работите на Црна Гора во Цариград.

Неговото Височество Кралот на Србија:

Неговата Екселенција господинот Никола П. Пашиќ, својот претседател на Министерскиот совет и министер за надворешни работи; Неговата Екселенција господинот Михаило Г. Ристиќ, својот вонреден пратеник и ополномоштен министер во Букурешт; Неговата Екселенција господинот д-р Мирослав Спалајковиќ, својот вонреден пратеник и ополномоштен министер; полковникот К. Смиљаниќ и потполковникот Д. Калафатовиќ.

Неговото Височество Кралот на Бугарите:

Неговата Екселенција господинот Димитар Тончев, својот министер за финансии; генерал-мајорот Иван Фичев - шеф на Генералштабот на својата војска; господинот Сава Иванчов, доктор по право и поранешен потпретседател на Собранието; господинот Симеон Радев и генерал-штабниот потполковник Константин Станчов.

Тие, на предлог на Кралската Романска Влада, се состанале на Конференцијата во Букурешт, снабдени со свои полномоштва сосема во ред. По среќно постигнатата спогодба, ги договориле следните одредби:

Чл.I

Од денот на размената на ратификациите на Договорот ќе настапи мир и пријателство меѓу Неговото Височество Кралот на Романија,

Неговото Височество Кралот на Бугарите, Неговото Височество Кралот на Елините, Неговото Височество Кралот на Црна Гора и Неговото Височество Кралот на Србија, како и меѓу нивните наследници и законите следбеници на нивните држави и поданиците.

Чл.II

Старата граница помеѓу Кралството Бугарија и Кралството Романија меѓу Дунав и Црно Море, согласно записникот на воените делегати на двете страни и дополнителниот протокол бр. 5 од 22 јули (4 август) 1913 година на Букурешката конференција, е корегирана како следува:

Новата граница ќе поаѓа од Дунав, низводно од Туртукаја, и ќе излезе на Црно Море јужно од Екрене. Помеѓу овие две крајни точки граничната линија ќе минува по трасата одбележена на картата 1; 100.000 на романскиот Генералштаб, а според описот даден во овој член. Јасно е договорено Бугарија, најдоцна во рок од две години, да ги сруши постоечките фортификации и да не гради други во Рушчук, Шумла, во областите меѓу нив и во зоната од 20 км околу Балчик. Мешана комисија составена од претставници на двете високи договорни страни, во еднаков број од едните и другите, ќе и биде ставено во задача да ја повлече трасата на новата граница, согласно горните одредби, во рок од 15 дена од денот на потпишувањето на овој договор. Оваа комисија ќе претседава при поделбата на подвижниот имот и капиталот што досега биле заднички имот на окрузите, општините или на здруженија на жителите, а се разделени со новата граница. Во случај да не се постигне договор за трасата и за мфките за извршување, двете високи договорни страни се обврзуваат да се обратат на трета пријателска влада со молба да определи арбитар чија што одлука за спорните прашања ќе се смета за дефинитивна.

Чл.III Границата помеѓу Кралството Бугарија и Кралството Србија ќе оди по трасата, согласно записникот на воените делегати приложен кон протоколот бр. 9 од 25 јули (7 август) 1913 година, како што следува:

Граничната линија ќе поаѓа од врвот Патарица на старата граница и ќе оди по старата турско - бугарска граница и вододелницата меѓу Вардар и Струма, изземајќи го горниот дел на Струмичката долина што ќе остане на српската територија, ќе излезе на планината Беласица каде што ќе се спои со бугарско-грчката граница. Детален опис на оваа граница и на нејзината траса на картата 1:200.000 на австро-унгарскиот Генералштаб е даден кон овој член.

На мешовитата комисија составена од претставници на двете високи договорни страни во еднаков број на едните и другите, ќе и биде ставено за задача, во рок од 15 дена од потпишувањето на овој Договор, да ја повлече трасата на новата граница согласно горните одредби. Оваа комисија ќе претседава со поделбата на подвижните имоти и капитал што досега заеднички им припаѓале на окрузите, општините или здруженијата на жителите, а што се разделени со новата граница. Во случај да не се постигне договор за трасата и за мерките за извршување двете високи договорни страни се обврзуваат да се обратат на трета пријателска влада со молба да определи арбитар чија што одлука за спорните прашања ќе се смета за дефинитивна.

Чл.IV

Прашањата што се однесуваат на старата српско-бугарска гран ќе бидат уредени согласно постигнатиот договор меѓу двете високи договорни страни и утврдени во протоколот придодаден кон овој член.

Чл.V

Границата Помеѓу Кралството Грција и Кралството Бугарија ќе оди по трасата, согласно записникот на воените делегати со дополнителниот протокол бр.9 од 25 јули (7 август) 1913 година на Букурешката конференција, како следува:

Граничната линија ќе поаѓа од новата бугарско- српскаѓраница на сртот на планината Беласица и ќе излезе на устието на реката Меставо Егејското Море . Помеѓу овие две точки граничната линија ќе оди по трасата одбележена на картата 1 : 200.000 на австро-унгарскиот Генералштаб а според описот придодаден на овој член. На мешовитата комисија составена од претставници на двете високи договорни страни, со еднаков број од едните и другите, ќе и биде дадена задача да ја повлече трасата на новата граница на теренот согласно горните одредби, во рок од 15 дена од потпишувањето на овој договор.

Оваа комисија ќе претседава со поделбата на имотите и капиталот досега заедничка сопственост на окрузите општините и на здруженијата на жителите разделени со новата граница. Во случај да не може да се постигне договор за трасата и за извршувањето, двете високи договорни страни се обврзуваат да се обратат на трета пријателска влада со молба да определи арбитар чија што одлука за спорните прашања ќе се смета за дефинитивна.

Категорично е договорено дека Бугарија уште од сега се откажува од било какви претензии на островот Ќрит.

Чл.VI

За потпишувањето на овој договор веднаш ќе бидат известени врховните команди на респективните армии. По добивањето на извештајот, наредниот ден, владата на Бугарија ќе биде должна својата армија да ја преведе во мирновременска положба. Единиците ќе ги упати во нивните гарнизони каде што ќе се пристапи кон распуштање, во најкус рок, на резервниот состав за нивно заминување по своите домови.

Единиците чии што гарнизони се во окупационата зона на една од високите договорни страни ќе бидат упатени во некое друго место на старата бугарска територија, а ќе можат да се вратат во своите постојани гарнизони дури по евакуацијата на окупационите зони за кои станува збор погоре.

Чл.VII

Евакуацијата на окупираните територии, старите и новите, ќе започне веднаш по демобилизацијата на бугарската армија и ќе биде завршена најдоцна за 15 дена.

За сето ова време за романската демаркациона војска демаркационата зона ќе биде одбележена со линијата: Шиштов - Ловча -Турски - Извор - Глозен - Златица - Мирково - Араба - Конак - Орханија - Мездра - Враца - Берковица - Лом - Дунав.

Чл.VIII

За време на окупацијата окупационите војски ќе имаат право да спроведуваат реквизиција со плаќање во готови пари. На тие територии ќе можат слободно да ја користат железницата за пренос на единици за снабдување од секаков вид, без право на месните власти да им се даде надоместок.

Болните и ранетите на тие територии ќе бидат под заштита на тие војски.

Чл.IX

По размената на ратификациите од овој договор, колку е можно побргу, ќе се изврши размена на заробениците. Владите на високите договорни страни секоја од нив ќе определи специјални пратеници за прифаќање на заробениците. Сите заробеници кои се наоѓаат во рацете на едната влада ќе бидат предадени на пратеникот на која и припаѓаат или на неговиот ополномоштен застапник, на местото што ќе го договорат заинтересираните страни. Владите на високите договорни страни ќе поднесатеднатана другата што побргу, по предавањето на заробениците, сметка за директните трошоци што ги имале за збринувањето и издршката на заробениците од денот на заробувањето или предавањето до денот на смртта или враќањето. Од износот што Бугарија би го должел а на некоја од в л адите на високите договорни страни ќе се одбие износот што таа би го должела на Бугарија, а разликата ќе биде платена на владата доверителка што побргу по размената на споменатите сметки за издатоците.

Чл.X

Овој договор ќе биде ратификуван и ратификациите ќе бидат разменети во Букурешт, во рок од 15 дена или порано ако тоа ќе биде можно.

Во потврда на тоа полномошниците го потпишаа и на истиот ги ставија своите печати.

Во Букурешт, на 28-от ден од месец јули (10-тиот ден од месец август) 1913 година.


Потписници:


За Романија: Т. Мајореску, Ал. Маргиломан, Таке Јонеску К. Г. Дисеску, генерал аѓутант Коанда, полковник К. Кристеску

За Бугарија: Д. Тончев, генерал Фичев, др. С. Иванчов, С. Радев, потполковник Станчов

За Грција: - Е. К. Венизелос, Д. Панас, Н. Политис, капетан Е. Егзодактилос, капетан Пали

За Црна Гора: генерал сердар Ј. Вукотиќ, Јован Матановиќ

За Србија: Ник. П. Пашиќ, М. Г. Ристиќ, М. Спалајковиќ, полковник Смиљаниќ, потполковник Д. Калафатовиќ


( Уговор о миру.., 75 - 81)


1 Документот е објавуван на македонски јазик (види: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава.., 1,572-574),анализиран и коментиран во сите трудови што се однесуваат или го засегаат македонското прашање во тој период.