Прејди на содржината

Ленка – Кочо Рацин

Од Wikibooks
(Пренасочено од Ленка)
Откако Ленка остави
кошула тенка ленена
недовезена на разбој.
и на налани отиде
тутун да реди в монопол –
лицето ѝ се измени
веѓи паднаја надолу
и усти свија кораво.


Не беше Ленка родена
за тија пусти тутуни!
Тутуни – жолти отрови
за гради – китки розови.


Прва година помина
грутка в срцето ѝ легна,
втора година намина
болест ја в гради искина.
Трета година земјата
на Ленка покри снагата.


И ноќе кога месечко
гроб ѝ со свила виеше.
Ветерчок тихо над неа
жална ѝ тага рееше:
„Зошто ми, зошто остана
кошула недоткаена?
Кошула беше даровна.