Кога ти е најтешко

Од Wikibooks

Ацо Шопов
Бела тага на изборот

Кога ти е најтешко[уреди]

Кога ти е најтешко, кога ти се чини
дека гласот ти е крик, а погледот - молење,
загледај се, нурни се во водите сини,
ај, во таа свежина, во тоа шумолење.

Ќе сетиш со длабок здив
сила и смирување.
погледото ќе блесне жив,
жив од подмладување.