Прејди на содржината

ЕМИЛ ДИРКЕМ

Од Wikibooks

Диркем, како и Конт, живеел во општество преплавено со немири. Неговите теоретски ставови, посебно во областа на социолошката методологија - даваат силен поттик на граѓанската мисла за општеството. Иако претставник на позитивизмот, неговата определба за општеството, науката за општеството и нејзиниот метод, многу се разликуваат од останатите претставници на оваа насока. Имено, најголем број позитивисти тврдат дека природата на општеството треба да се објасни по аналогија со другите сфери на природата (пред сѐ, биолошката и психолошката). За него, општеството претставува дел од природата кој значително се разликува од останатите нејзини сфери. Општеството не може да се објасни по аналогија на биолошките организми или психичкиот живот.

Основен предмет на општественото проучување, според Диркем, се општествените факти. Тие трагаат подолго време од животниот век на индивидувата и имаат моќ да влијаат врз неа. Го обликуваат нејзиното однесување, ги темелат нејзините желби и интереси. Општествените факти, всушност, се: колективните претстави, идеи, морални норми кои го обезбедуваат животот во општеството.

За Диркем, општествениот поредок се менува толку брзо што претходните вредности исчезнуваат уште пред да се појават новите. Оваа состојба Диркем ја нарекува „аномија“ - недостаток на правила за општествена регулација. Затоа луѓето што биле социјализирани со едни вредности, кога ќе се случат пресврти, стануваат дезориентирани во новиот поредок во кој важат други вредности. Таквиот пресврт, Маркс го нарекол револуција и предвидел дека капитализмот, преку револуција, ќе се замени со социјализам, т.е. со поредок во кој средствата за производство ќе бидат во општествена сопственост. Сепак, досега тоа не се случило.